Пелистерка со донација од 1 милион денари за клиниките во Скопје, Тетово и Битола

Македонската компанија за вода и безалкохолни пијалоци, Пелистерка, денеска и официјално го промовираше петтиот, традиционален календар како симбиоза на убавите жени од Македонија и бенефитите на водата.

pelisterka-so-donacija-od-1-milion-denari-za-klinikite-vo-skopje-tetovo-i-bitola-01.jpg

Сензуалноста на водителката Маријана Станојковска и пеачките Аделина Тахири и Тамара Тодевска, се доминантни на страниците на најпосакуваниот календар во државата.

Фотографиите се снимени во базата на компанијата Пелистерка, во Битола, која е  најсовременот и најсофистицираниот  комплекс за безбедно полнење и пакување на вода со европски сертификати. Девојките, женствено провокативни, се контратежа за некои од најгрубите фабрички погони.

Пелистерка, останува доследна на својата позиција на лидер во својата индустрија, но и на општествено одговорна компанија која се грижи за генералниот бенефит. Компанијата ги насочува планираните финансиски средства од предновогодишната промоција, за набавување на медицински апарати за клиниките во Скопје, Тетово и Битола.

„Со оглед на константно високото ниво на загаденост  и ефектите по здравјето на жителите во овие три големи градови во Македонија, заклучивме дека е далеку поприоритетно да овозможиме набавка на апарати за константно мониторирање на состојбата на загрозените пациенти, пред се на децата, кои се најподложни на реакции по временските промени. Станува збор за мобилни апарати од типот МР (MindRay), кои овозможуваат следење на пациентите низ различни точки од медицинската нега и вклучуваат широк обем на медицински парамети за набљудување“. - велат од компанијата.

Вредноста на вкупната донација е околу 1 милион денари, а во секоја од клиниките во Скопје, Битола и Тетово ќе биде доставена како пред Божиќен подарок од Маријана, Аделина и Тамара, заштитните лица на Пелистерка за оваа 2015 година.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Тамара Тодевска ѝ ги дупна ушите на ќерка си, Aна Исаиева блеска како некогаш: Што прават нашите ѕве... Моделот Ангела Василевска ужива во Тајланд и се гали со слонови, пејaчката Тамар...
Тамара Тодевска емотивна: „Голем дел од детството го поминав во оваа куќа - домот на баба ми Пава во... „Најубавите спомени ми се од тука. Првите излегувања, првата љубов, пријатели ко...
Аделина Тахири му прослави 7-ми роденден на синот со луксузна забава - се појави во чевли налик на б... Аделина, како и секогаш, воодушеви со стајлингот - овој пат избра црн фустан со ...

Најчитани неделава