Донација за социјално загрозени семејства од Стопанска банка АД - Скопје

Во пресрет на новогодишните празници, Стопанска банка АД - Скопје во соработка со Црвениот крст на Македонија,  на денот на формирањето на Банката, 29ти декември, донираше пакети со храна и средства за хигиена на 250 социјално загрозените семејства во 7 општини во Македонија и тоа: Скопје, Битола, Струмица, Валандово, Кочани, Гевгелија, Струга.

donacija-za-socijalno-zagrozeni-semejstva-od-stopanska-banka-ad-skopje-01.jpg

Со оваа донација, Банката во годината кога одбележува 70 години од своето постоење, ја продолжува својата стратегија да биде во континуитет поврзана со заедницата во која работи, потврдувајќи ја својата општествено одговорна улога.

Донацијата се состои од најнеопходни производи потребни за егзистенција на едно семејство, одбрани во координација со Црвениот Крст на Македонија, а кои ќе бидат дистрибуирани низ целата република, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови.

Стопанска банка АД - Скопје како финансиска институција со инкорпорирана корпоративна општествена одговорност во своето работење, континуирано вложува во локалната заедница, придонесувајќи кон создавање дух на солидарност, пријателство и соживот.

Како банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, која стои зад најголемите инфраструктурни и индустриски проекти, и која е во тесна соработка со секое семејство во Македонија, Стопанска банка АД - Скопје и понатаму ќе продолжи да биде поврзана со заедницата во која работи, афирмирајќи го своето  мото „на ваша страна“ не само формално, туку и суштински.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...

Најчитани неделава