Промовирана книгата „69 страници за младината“

„69 страници за младината“ е насловот на првенчето на младиот и надежен автор, Гоце Ангелески, од Прилеп. Промоцијата на оваа книга се одржа во кафе барот „Арт Кафе Апореа“ на 11ти овој месец. Книгата која содржи 35 различни наслови кои говорат за денешната младина и начинот на кои тие го живеат нивниот живот, конечно го виде светлото на денот.

promovirana-knigata-69-stranici-za-mladinata-01.jpg

„35 различни наслови на ниско интелектуални и слабо вокабуларни „бајки и басни“ кои можат да бидат сфатени од страна на главата со било каков процент на интелектуален капацитет. Меѓу другото, по некоја сувопарна реченица, а за мезе, младина со широка зеница.“ вели авторот Гоце Ангелески за неговата прва книга, и додава: „ Книгата е благокомична проткаена со сарказам и иронија“.

„Би било препорачливо да го прочитате ова дело, бидејќи е напишано од високо образована личност. Станува збор за дипломиран трачар, кој пред извесно време магистрираше на отсек сеир. Ова дело всушност е неговата докторска дисертација со која тој и официјално стана доктор на трачарски науки, специјалист по сеирџиска медицина.

Инспирацијата? Уште веднаш се забележува или барем јас сам си се забележувам дека есенцијата на претходно споменатата инспирација, генерално се заснова врз мојата неколку годишна трачарска дејност (како класичен Македонец), која перманентно се одвиваше во текот на многуте мои ноќи по кошула и пијачка во рака, многуте испиени кафиња во познато и непознато опкружување, бесцелните, празни, трач муабети во движење или со седење, во спокојство или во нервоза, со бубалици и растурикуќи, со девици и ороспии, со скромни и фалбаџии, со светици и спонзоруши, со пијаници и спортисти, со тревкари и зависници, со лажговци и наивни, со депресивни и расположени и со ред други нус или просечно младешки појави. Покрај оваа, претходно спомената инспирација која ја црпам од овој свет, инспирација црпам и од оној другиот свет, од паралелниот свет... виртуелен живот, Фејсбукот. Многуте непреспиени ноќи шетајќи горе-долу по почетната Фејсбук страна и целодневните подочници од мониторот (кои често си ги комбинирам со патиките) извршиле силно влијание врз мојот ментален расклоп, исто како што извршија и на многу други млади човечки суштества.

Импресиите и фрустрациите од младоста ќе поминат и ќе се заборават. На крај, сите ќе си тргнеме по свој пат, кој по калдрма, кој по авто-пат.“

Читателите кои имаат поразличен вкус на книги и кои сакаат да побегнат од романите со љубов, драма и замки можат да се потпрат на оваа мала но многу реална книга од 69 страници која можат да ја порачаат онлајн преку Kupikniga.mk, Табернакул и Топер во Скопје и Викели и Михаела во Прилеп и да уживаат во она што Гоце Ангелески го пренел на хартија.

Би можело да ве интересира:

Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Прилеп се претвори во празнична бајка – светлечкa панделкa, кочиja и елка (видео) Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп б...
Гоце Тодоровски по 50 години брак: „Сакав жени, а и жените ме сакаа - само молев Бога сопругата да н... „Јас не изневерував. Јас едноставно бев со жени, се дружевме, не го сметав тоа з...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......

Најчитани неделава