Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Единствена понуда од Шпаркасе Банка и Настел: Станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 10 години

Скопје, 3 март 2015г. На денешното отворање на Саемот за градежништво Шпаркасе Банкa го промовираше новиот станбен кредит во соработка со Настел со фиксна каматна стапка за првите 10 години. Со овој уникатен производ на пазарот, Шпаркасе Банка ја збогатува својата понуда со кредити кои на граѓаните им овозможува поголема сигурност во планирањето на своето домување и планирање на иднината.

stanben-kredit-so-fiksna-kametna-stapka-za-prvite-10-godini.jpg

‘‘Во соработка со Настел ја креиравме оваа уникатна понуда за станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 10 години. Чест ни е да го промовираме овој призвод токму со Настел –  наш долгогодишен партнер и компанија со долга традиција на македонскиот пазар, која на граѓаните им нуди одличен спој на цена и квалитет. Се разбира, Банката останува отворена за соработка и со други градежни компании, со крајна цел што повеќе семејства да ги реализираат своите планови за домување.

На овој начин Шпаркасе Банка ја потврдува својата определба да биде стабилен финансиски партнер на семејството, со тоа што им овозможува однапред планирање на трошоците и правилно распоредување на својот семеен буџет. Секако оваа понуда е овозможена со поддршка на нашата матична Банка Штаермеркише Шпаркасе, која оваа година го слави својот 190-ти роденден.‘‘, рече г-дин Глигор Бишев, Претстедател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Промотивно, до триесетти април кредитот е без провизија за одобрување, додека максималниот рок за отплата е 180 месеци. За време на Саемот, Настел ги промовира новите два проекти со дополнителна поволност: специјален саемски попуст од педесет евра за метар квадратен.

„Навистина сме задоволни од политиката на Шпаркасе Банка на долг рок да им обезбеди стабилност на нашите клиенти по навистина поволни каматни услови. Овој заеднички проект на Настел и Шпаркасе Банка очекувам дека ќе наиде на огромен интерес бидејќи е симбиоза на докажан квалитет на станбен простор – сега по супер услови за кредитирање – со фиксна каматна стапка за 10 години.“, изјави г-дин Зоран Азманов, претставник на Настел.

Шпаркасе Банка и Настел настапуваат заеднички на овогодинешниот Саем за градежништво кој се одржува од 3-ти до 7-ми март на Скопскиот Саем. Сите заинтересирани можат да го посетат нивниот штанд на кој ќе добијат повеќе информаци за кредитот, или да ги посетат веб страните на Шпаркасе Банка и Настел.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години „Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде... „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...
Ивона Јо (28) му го честиташе роденденот на брат ѝ (22): „Мое малечко, фала ти што си пред сѐ - чове... „Мое малечко. Едно си ми. И незаменливо. Секој април го посветувам на тебе - зош...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg