Шеста година по ред Македонија ќе ги исклучи светилките за Часот на планетата Земја

Шеста година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја, во која учество ќе земат над 162 земји ширум светот.

sesta-godina-po-red-makedonija-ke-gi-iskluci-svetilkite-za-casot-na-planetata-zemja-01.jpg

Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да испрати силна порака за спас на планетата.

Оваа година, акцијата се одржува на 28-ми март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време, во мрак ќе потонат над 8.000 градови низ 162 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.

И македонските познати личности ја искажаа својата поддршка за акцијата. Даниел Кајмакоски, Снеже Велков, Татјана Алексиќ, актерите Атанас и Тино, но и твитер-заедницата се само дел од личностите кои оваа година ќе ги исклучат светилките за Часот на планетата Земја испраќајќи порака за опасноста од климатските промени.

sesta-godina-po-red-makedonija-ke-gi-iskluci-svetilkite-za-casot-na-planetata-zemja-05.jpg

- „Македонија со гордост може да се пофали дека по шести пат е дел од најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја (Earth Hour).  Денеска официјално ја стартуваме кампањата насловена „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“ во која македонските познати личности ги повикуваат граѓаните да ја употребат својата моќ и да ги исклучат светилките во период од еден час и со тоа да дадат придонес за спас на планетата Земја.“ – вели Ѓорги Селков, претседател и главен организатор на акцијата Часот на планетата Земја во Македонија.

Иако атрактивните локации кои оваа година ќе потонат во мрак во градот Скопје, но и низ републиката, сѐ уште не се откриени, од организацијата најавуваат рекорден број на локации, кои ќе го надминат минатогодишниот број од 60 локации кои го исклучија осветлувањето за Часот на планетата Земја.

- “Ме радува тоа што сѐ поголем број на општини низ Македонија се вклучуваат во акцијата. Ја користам оваа пригода јавно да ги поканам градоначалниците на општините во нашата земја да го прифатат нашиот еколошки предизвик и заедно да покажаме дека и Македонија е дел од оваа светска акција со еколошки карактер. Во однос на атрактивните локации кои оваа година ќе потонат во мрак во град Скопје и низ републиката, повеќе информации ќе дознаете на нашата официјална прес-конференција која ќе се одржи на 26-ми март, но најавуваме дека ќе биде соборен рекордот од минатата година!“ – додава Селков.

Пријатели на акцијата оваа година се Црвениот крст на Република Македонија, Министерството за животната средина и просторно планирање, ЕВН и Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

Волонтерите од Црвениот крст и оваа година се суперхерои на Часот на планетата Земја и преку општинските организации на Црвен крст низ Македонија ќе ја прошират и одбележат акцијата во целата република.

Подетални информации за акцијата можете да пронајдете на официјалната страна или на официјална Фејсбук страница.

Во продолжение погледнете ја рекламата и не заборавајте да ги исклучите светилките на 28 март во 20:30 часот!

Би можело да ве интересира:

Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...

Најчитани неделава