Скопје побогато за уште едно диско по светски стандарди

Овој викенд Скопје ќе добие уште едно место за забава во вечерните часови. Ноќниот клуб „Блок“ ќе биде отворен на 18 април ( сабота), а од менаџментот ветуваат различна програма 4 дена неделно.

skopje-pobogato-za-uste-edno-disko-po-svetski-standardi-01.jpg

На отварањето во соработка со „091 Encoure nights" се очекува настап на најдобрите македонски хип хоп диџеи и продуценти:

  • Дј Давор aka One
  • Дј Иван Пси
  • Дј Скит Скитара

Покрај диџеите најавена е уште една хип хоп сензација која до отварањето ќе биде изненадување.

Клубот има капацитет од 800 гости, направен е според светски стандарди, а со македонски цени. Присутните гости во клубот ќе можат да уживаат во голем број бенефиции и изненадувања, тематски забави како и пијалаци по промотивни цени.

Саботата ќе биде резервирана за хип хоп, четвртокот за мини концерти на големи ѕвезди, средата за студентите на 50 % попуст, а петокот за познати диџејски имиња од електронската сцена.

Веќе се најавени неколку одлични забави во наредниот период, забави какви што Скопје имало некогаш, какви што оние кои се постари паметат дека се случувале во Т.Ц „Мавровка“.

- „ Т.Ц Мавровка некогаш беше епицентарот на сите урбани случувања и журки во Скопје. Овие години трговскиот  како да се подзаборави. Тоа што Старата Скопска Чаршија повторно е преполна со народ не охрабри да го стартуваме овој проект „преку мостот“ и да се обидеме да ги вратиме луѓето во овој дел од градот. Се погриживме до најмал детал „Блок“ да ги исполнува светските стандарди, а сепак да биде достапен за сите, односно секој да може да си дозволи да ужива во ноќниот живот без никакви стеги. Ги покануваме сите љубители на ноќните излегувања да дојдат на отварањето на 18 април и да се уверат во квалитетите кои ги поседува нашиот клуб“ - велат од менаџментот.

Повеќе информации за клубот може да се најдат на Фејсбук страната.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава