Уште 3 дена за да освоите 2 билети и да одите со Даниел на Евровизија

Уште од излегувањето на евровизиското видео за песната со која ќе се претстави Даниел, започна наградната игра за освојување билети за првата полуфинална вечер на Евровизија.

uste-3-dena-za-da-osvoite-2-bileti-i-da-odite-so-daniel-na-evrovizija-01

Oстануваат само уште 3 дена за да бидете еден од потенцијалните добитници.

„Секојдневно се редат нови цртежи! Изненаден сум од креативноста на фановите и од нивниот интерес! Остануваат уште три дена до крајот и одвај чекам да ги погледнам сите фотографии со крајот на приказната!“– изјави Даниел Кајмакоски.

Вкупно тројца фанови ќе добијат по две карти за првата полуфинална вечер на 19 мај, во Виена, ќе го бодрат во живо и ќе уживаат во заедничка средба со Даниел Кајмакоски на 20 мај!

Пред скоро 15 дена Даниел Кајмакоски, нашиот евровизиски претставник ги покани сите фанови да ја завршат приказната од официјалното видео за евровизиската песна „Autumn leaves” и да освојат билет за првото полуфинале.

Повикот се затвора за три дена, односно на 20 април 2015 (понеделник), точно на полноќ.

Погледнете го видеото и следете ги останатите чекори за учество:

Патувањето во Виена за првата полуфинална вечер ќе биде реализирано во соработка со официјалниот партнер – туристичката агенција New Ways of Travel.

Следете ги сите новости поврзани со Даниел и Евровизија преку официјалната веб страница наменета само за евровизиски вести.

Бидете брзи и креативни за да го поддржите Даниел Кајмакоски во живо, во Виена!

Би можело да ве интересира:

Даниел со „тепих од рози“ ја запроси Ирена на совршено место на италијанските Алпи (фото+видео) „Со мојата сакана Ирена се запознавме во Кочани и веќе сме з...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Даниел Кајмакоски го покажа домот, Атанас Атанасовски со сопругата во Берлин: Што прават македонскит... Антониа Гиговска позира по транспарентен градник од тантела на улица во Струмица...
Даниел клекна на колено пред саканата додека момците од „Дупер“ им пеат - уникатно запросување во Ск... Браво! Илчо и Борис од „Дупер“ му помогнаа на Даниел да ја изненади девојката со...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...

Најчитани неделава