Даниел клекна на колено пред саканата додека момците од „Дупер“ им пеат - уникатно запросување во Скопје
- Детали
- петок, 02 јануари 2026
Браво! Илчо и Борис од „Дупер“ му помогнаа на Даниел да ја изненади девојката со прстен пред Нова година. Во моментот кога влегуваат со станот, Милена е со превез преку очите - момците почнуваат да пеат и таа се збунува.

Неколку дена пред дочекот на Новата година, Борис и Илчо од „Дупер“ му помогнаа на Даниел Ѓоргиев да ѝ подготви незаборавно изненадување на саканата Милена и да ја запроси додека тие им пеат.
Даниел го објави видеото на Инстаграм и им се заблагодари што му помогнале да го направат чинот на запросување волшебен.

Илчо и Борис се во станот со неколку камермани и си пеат додека чекаат да дојдат Даниел и Милена.
Таа е со маска за спиење преку очите и иако знае дека треба да очекува изненадување, останува збунета кога пред себе ги гледа „Дупер“.

Тие почнуваат да го пеат својот хит „Некажано“, и во тој момент Даниел клекнува на колено.

Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело