Отворена реновирана Телеком продавница во Струмица

Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Струмица. По повод отворањето, Македонски Телеком подготви одлична промотивна понуда со која секој корисник кој тој ден ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор, има можност да купи таблет од брендот Леново и Самсунг со попуст од неверојатни 60 отсто. Дополнително, како изненадување, првите 100 посетители добија подароци.

otvorena-renovirana-telekom-prodavnica-vo-strumica-01.JPG

Со реновирањето, во целост е променет изгледот на Телеком продавницата во Струмица која има сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот. При тоа, продавницата нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците.

otvorena-renovirana-telekom-prodavnica-vo-strumica-03.JPG

По реновирањето, Телеком продавницата во Струмица овозможува одличен преглед на понудата и нуди сосем нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком. Станува збор за сосема ново уникатно мултимедијално доживување, преку кое корисниците во реновираните Телеком продавници лесно ќе го најдат она што им одговара најмногу, согласно потребите и можностите.

otvorena-renovirana-telekom-prodavnica-vo-strumica-02.JPG

otvorena-renovirana-telekom-prodavnica-vo-strumica-04.JPG

otvorena-renovirana-telekom-prodavnica-vo-strumica-05.JPG

Македонски Телеком, како компанија којашто е целосно посветена на корисникот, во континуитет работи на реновирање на повеќе продавници ширум државата. Во петок на 31 јули, ќе биде отворена и реновираната Телеком продавница во населбата Карпош во Скопје.

Наскоро се очекува да бидат пуштени во употреба уште неколку реновирани Телеком продавници. Со преуредувањето, освен што естетски ќе се обезбеди нов изглед, интерактивниот концепт на продавниците дополнително овозможува единствено корисничко искуство.

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...

Најчитани неделава