Тимот на Систина офталмологија со награда на „Конгресот на Хрватското друштво за катаракта и рефрактивна хирургија“

На годинашниот XI ти по ред Конгрес на Хрватското друштво за катаракта и рефрактивна хирургија, кој се одржа на 24 октомври во Загреб, Др. Фанка Гилевска, која е дел од врвниот тим на Систина Офталмологија, ја доби наградата “Зерголен Чупак” за најдобар научен труд во секцијата Млади офталмолози, во конкуренција од 17 учесници од Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.

timot-na-sistina-oftalmologija-so-nagrada-na-kongresot-na-hrvatskoto-drustvo-za-katarakta-i-refraktivna-hirurgija-1.jpg

На овој конгрес тимот на Систина Офталмологија беше поканет да присуствува заедно со повеќе од 300 офтамолози од Хрватска и регионот, како и предавачи од цела Европа и САД. На конгресот беа претставени новитети од областа на Катарактата и рефрактивната хирургија, Рожница (корнеа) и рефрактивна хирургија, Медицинска и Хируршка Ретина, Глауком – дијагноза и терапија.

Д-р Златко Арнаудовски во улога на претседавач на секцијата за Катаракта и рефрактивна хирургија одржа предавање на темата Хирушки третман на вродена катаракта (перде) и ги пренесе искуствата на Систина Офталмологија. Додека Др. Билјана Костовска одржа предавање и ги пренесе искуствата од работата на Одделот за рефрактивна хирругија на Систина Офталмологија во рамките на Секцијата за Рожница (корнеа) и рефрактивна хирургија. На конгресот присуствуваа и др. Виолета Бучковска и др. Илир Османи кои ги следеа презентациите и разменија корисни искуства со своите колеги.

 

Во рамките на конгресот се одржа “Live surgery” симпозиум во соработка со италијанскиот конгрес “Videocatarattarefrattiva” на кои партнерската клиника на Систина Офталмологија, Универзитетската клиника Свјетлост од Загреб, беше по трет пат повикана да учествува  со директен пренос на имплантирање на најнови модели на мултифокални и монофокални леќи во Милано. Универзитетската клиника Свјетлост беше наградена со “Best Live Surgery 2015”  во конкуренција со најдобрите клиники во Милано, Каиро, Инстанбул и Букурешт, и на проф. др. Никица Габриќ му беше доделена награда за животно дело.

timot-na-sistina-oftalmologija-so-nagrada-na-kongresot-na-hrvatskoto-drustvo-za-katarakta-i-refraktivna-hirurgija-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Ребека и сопругот се повредија, по една рака им е во лонгета: „Што ти се вика љубов“ „Да видите како миеме садови. Тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жив...
Pepco наскоро ги отвора своите продавници во Скопје Pepco ќе ги отвори првите продавници на македонскиот пазар во средината на 2026 ...
Тин ѕвездата Миха Гигов наполни 18 години, Цаци Паковска горда на него: „Порасна во прекрасен маж и ... „Независно колку високо се издигна, никогаш не заборави од каде доаѓаш. Остана п...
Братот на тапанарот Ѓорѓи од ДНК си го истетовира неговиот лик: „Бевме неразделни, сега ќе биде секо... „Со моите родители минуваме низ најтешкиот пат. Сега тетоважата најмногу ме врзу...
Moмче од Росоман ја запроси саканата на место со спектакуларен поглед кон Охридското Езеро (фото) „Партнерот ми кажа дека сестра му ќе лета со параглајдинг, па треба да ја одведе...
Цеце Николова со фотка од детството во дом без родители, Јанг Дади ја покажа девојката - Што прават ... „Нов возач во Антиќ семејството“ - напиша Перо за најстариот син Лука, а пак Цец...

Најчитани неделава