Братот на тапанарот Ѓорѓи од ДНК си го истетовира неговиот лик: „Бевме неразделни, сега ќе биде секогаш до мене“

„Со моите родители минуваме низ најтешкиот пат. Сега тетоважата најмногу ме врзува за него, бидејќи тој не е физички присутен, но во моето срце и на мојата рака, ќе биде засекогаш до мене. Додека гледаат моите очи тој е жив, само замина на друга сцена, огромна беше нашата братска љубов“ - вели за CRNOBELO.com Димитар, братот на Ѓорѓи кој трагично го загуби животот во пожарот во Кочани. 

bratot-na-tapanarot-gjorgji-od-dnk-si-go-istetovira-negoviot-lik-01.jpg

Ѓорѓи Ѓорѓиев беше музичар и тапанар во групата ДНК, кој трагично го загуби животот на кобниот 16 март 2025, во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, додека имаше настап.

Сега, 6 месеци подоцна, неговиот брат Димитар (21), кој не може да го преболи неговото отсуство, си направи тетоважа на раката со неговиот лик.

Освен ликот на Ѓорѓи, истетовирано е и име на песна на ДНК, „Животе брате“, што во случајов има силно симболично значење, а зад неговиот лик пишува DNK.

Семејството, како и многу други кои ги загубија најсаканите таа вечер, остана во тага и болка, да живее со спомените за неговите лик и дело, како и заедничките моменти.

За CRNOBELO.com, Димитар споделува како се чувствува за тетоважата што си ја направи, но и за нивната силна братска врска:

„За правењето на тетоважата издржав храбро и машки, бидејќи ние поминуваме низ најтешкиот пат што животот можеше да ни го приреди и ќе го минуваме до крајот на животот, јас и моите родители.

Изгубивме личност која вредеше премногу, би сакал секој да има брат како што беше мојот брат.

Бевме неразделни во секоја работа, во секој миг, сплотени од мали нозе, благодарение на нашите родители израснавме во паметни и чесни луѓе, полни со љубов, си ја сакавме работата.

Сега тетоважата најмногу ме врзува за него, бидејќи тој не е физички присутен до мене, но во моето срце и на мојата рака, ќе биде засекогаш до мене.

Тетоважата не е обична, го прикажува неговиот лик и неговите дела кои ги остави и се непроценливи.

За истата вака да излезе, благодарен сум му на мојот артист Боки, кој направи сите негови дела и спомени да бидат склопени во една уметничка тетоважа направена со многу трпение и многу љубов, за да изгледа вака реалистично како што ја гледате.

Додека гледаат моите очи тој е жив, само замина на друга сцена, огромна беше нашата братска љубов“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивен текст до мајката на тапанарот Ѓорѓи од ДНК: „Со тешка рака името на лист за Задушница ќе му... Писателката и поетеса Билјана Андоновска, на својот профил на Фејсбук објави пес...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Таткото на тапанарот од ДНК се жали: „Не го оставаат гробот на мојот син, имаше 14 кражби - не знам ... Покрај огромната загуба, родител да продолжи да живее без едно од своите чеда, д...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...

Најчитани неделава