Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Модерната технологија рано ги открива болестите на очите

Систина Офталмологија, како очна клиника која работи исклучиво со современа апаратура, од неодамна го воведе и пентакамот кој се смета за златен стандард во дијагностицирање на состојбата на окото.

modernata-tehnologija-rano-gi-otkriva-bolestite-na-ocite-01.jpg

Пентакамот е една од најважните и најсовремените дијагностички алатки за рано откривање на очни болести пред да се појават било какви симптоми со што се отежнува откривањето на видот на болеста, познато во медицинската терминологија како поставување на клиничка дијагностика на болеста. Пентакамот го испитува окото на тој начин што прави 3Д анализа на предниот сегмент на окото односно на рожницата на окото со кој се добива целосна слика на предниот и задниот сегмент на окото, дали окото има некоја неправилност и колку е дебела рожницата, кои се особено значајни за утврдување дали пациентот е кандидат за ордеден тип на интервенција.

Тој е основен инструмент во прегледот за ласерска корекција на диоптрија бидејќи со него се утврдува дали пациентот е кандидат за таа интервенција. Со анализирањето на предната и задната површина на рожницата, утврдување на диоптријата и цилиндер, се согледува анатомијата и здравјето на окото и можностите дали одредено испакнување на окото би можело да доведе до постоперативни компликации, како и промени во солзниот филм кој мора да биде стабилен пред пациентот да подлежи на ласерска интервенција.

modernata-tehnologija-rano-gi-otkriva-bolestite-na-ocite-02.jpg

Исто така, пентакамот е задолжителен за следење на резултатите на cross linking метода со која ја стабилизираме рожницата на која и е пронајден кератоконус. Кератоконус е прогресивна болест која се јавува кај младите луѓе и доведува до сериозно истенчување на рожницата и нејзино испакнување. Поради тоа, е потребно навремено откривање на оваа болест бидејќи може да доведе до трансплација на рожница.

Пентакамот се користи и во прецизните пресметки пред вградување на најновите видови на мултифокални леќи леќи при операција на катаракта (перде).  Кај пациентите кои веќе направиле операција на катаракта во установа каде немало можност за вградување на торична леќа со која се корегира и цилиндер, со помош на пентакамот прецизно го мериме цилиндерот и се овозможува докорекција на таа диоптрија на рожницата со што им овозможуваме на пациентите да не носат очила за далеку.

Би можело да ве интересира:

Панчо од ДНК со брутално искрена порака: „Не мора да нè поддржувате како артисти, но не ни газете по... „Артистите се истовремено и благословени и проколнати“, напиша Панчо во својата ...
Македонец споделува апел: „Седум дена поштедете нѐ од вашите селфиња, кафиња и патувања“ „Да, разбирам дека животот продолжува понатаму и сите тие реденки што доаѓаат со...
Напуштено куче си најде топол дом и уште 4 убави вести што нè израдуваа оваа недела Од „Лајка“ открија дека девојка вдомила едно од нивните кучиња, а учениците од г...
Запознајте ја партнерката на пејачот Мартинијан Кириловски - убавица од неговиот роден град (фото) Мартинијан (29), кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, ужива во љубовта со кум...
Синот на Слаткар и Сања наполни 5 години - Роденденска Лего забава и торта со нинџа за малиот Моша Со блиски пријатели и многу другарчиња на Моша, Сања и Слаткар го прославија 5-т...
Познатите Македонки на Виенски бал во Скопје – Како заблескаа нашите дами? Вера Мештеровиќ, Марјана Станојковска, Агнеса Органџиева... Ова се само дел од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg