Маја Кикириткова објави емотивни фотки од децата, кога синот бил во инкубатор: „Мали борци од неполни 2kg денес пораснаа големи“
- Детали
- понеделник, 17 ноември 2025
„Секој 17-ти ноември потекува по една солза, што од мака, што од радост. Мали борци од неполни 2kg, кои пораснаа во големи деца. Останете такви какви што сте, борбени, истрајни и секогаш насмеани“ - напиша Маја на Светскиот ден на предвремено родени деца и сподели фотки од моментите кога синот бил во инкубатор, но и среќни мигови од нивното растење.

Модната дизајнерка Маја Кикириткова има две деца, Лазар (7) и Ева (5), кои се родени предвремено.
Таа во една прилика раскажа дека во двете бремености, плацентата ѝ се одлепила, па морала предвреме да ги донесе на свет децата, во иста гестациска недела и со иста тежина од помалку од 2 килограми.
Лазар бил во инкубатор и не ѝ дозволувале да го дои во тој период, иако првиот контакт е многу важен, а со Ева, поминала малку полесно, бидејќи таа била само на опсервација, а успеала и да се избори да ѝ дава мајчино млеко.
Маја секогаш отворено зборува на оваа тема, посебно на 17-ти ноември, Светскиот ден на предвремено родените деца.

И оваа година, таа го одбележа денот со повеќе фотографии од периодот кога нејзините бебиња се родиле, моментите кога го гледала синот во инкубатор, но и незаборавните мигови од нивното растење до ден-денес, кога се пораснати деца на кои таа е горда.
Во описот на објавата Маја емотивно напиша:
„Секој 17-ти ноември потекува по една солза, што од мака, што од радост.
Тука сте во мојот живот, а јас сум горда што баш мене ме избравте да бидам ваша мајка.
Мали борци од неполни 2kg, кои пораснаа во големи деца. Останете такви какви што сте, борбени, истрајни и секогаш насмеани.

Ве сака мама бескрајно!
Светски ден на предвремено родени деца“.
Повеќе фотографии кои Маја ги објави со децата:





