Маја Кикириткова за предвремено родените син и ќерка: „Со двете деца ми се одлепи плацентата, иако имав уредна бременост“

„Многу е битно да знаете дека предвремено родените деца заостануваат во растот и развојот за онолку недели колку што се родиле порано“, напиша Маја Кикириткова, и се сети на голготата низ којашто поминала со синот и ќерката.

maja-kikiritkova-za-predvremeno-rodenite-sin-i-kjerka-so-dvete-deca-mi-se-odlepi-placentata-iako-imav-uredna-bremenost-01.jpg

Модната дизајнерка Маја Кикириткова, чиј син Лазар (5) и ќерка Ева (3) се родени предвреме, со искрена и емотивна објава на Инстаграм, 10-тина дена однапред го одбележа Светскиот ден на предвремено родените деца - 17 ноември.

Таа ја раскажа приказната за раѓањето на синот и ќерката, кога во двата случаја ѝ се одлепила плацентата, па, Кикириткова морала предвреме да ги донесе на свет бебињата.

Во својата искрена исповед Кикириткова вели:

„Што всушност се случи и зошто двете мои деца се предвремено родени? Имав уредна бременост, редовни контроли, одев на јога за трудници, посетував часови за идни мајки и сè во врска со бременоста, породувањето, бебето.

И во двата случаја имав абрупција (одлепување) на плацентата, во истата гестациска недела, бебиња со иста килажа.

Лазар беше во инкубатор, си отидов дома, а тој остана да лежи во болница.

Ева остана само на опсервација – 8 дена бевме заедно во болница и потоа отидовме заедно дома.

Да не беа тие часови што ги посетував додека бев бремена, и менторката Даница која многу ми помогна и беше во постојана комуникација додека Лазар беше во болница, јас не знам дали моите деца ќе беа на ексклузивно доење, дали правилно ќе се развиваа.

Многу е битно да знаете дека предвремено родените деца до 2 години треба да имаат коригирана возраст и дека заостануваат во растот и развојот онолку недели колку што порано се родиле.

17 ноември е Светски ден на предвремено родените деца и секогаш ќе биде посебен за мене“.

maja-kikiritkova-za-predvremeno-rodenite-sin-i-kjerka-so-dvete-deca-mi-se-odlepi-placentata-iako-imav-uredna-bremenost-02_copy.jpg

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Maja Кикириткова за CRNOBELO: „Зошто веќе 3 години секој ден го започнувам со мача?“ „Многу луѓе за мачата ме прашуваат - како ја пиеш, нели ти има вкус на земј...
„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
Трогателни пораки од татко до ќерката Надица (17), која загина во пожарот во Кочани: „Гледам во небо... „Секој ден без тебе е тивко потсетување на тоа колку длабоко те сакаме и колку н...

Најчитани неделава