Исповед на Македонка: „Мајка сум на две предвремено родени дечиња, не ми беше дозволено да ги дојам“

„Би сакала да ви ја раскажам мојата доеничка приказна. Мајка сум на две предвремено родени деца. Лазар кога се роди пред три години, четири недели беше одвоен од мене…“, ја започнува својата приказна Маја Кикириткова.

ispoved-na-makedonka-majka-sum-na-dve-predvremeno-rodeni-dechinja-ne-mi-beshe-dozvoleno-da-gi-dojam-01.jpg

Дизајнерката Маја Кикириткова на својот Инстаграм профил објави фотографија како го дои своето детенце и отворено ја раскажа својата приказна за голготата со двете предвремено родени дечиња и проблемот со измолувањето и не можноста да ги дои на почетокот.

Објавата на Маја Кикириткова:

„Би сакала да ви ја раскажам мојата доеничка приказна. Мајка сум на две предвремено родени деца. Лазар кога се роди пред три години, четири недели беше одвоен од мене. Лежеше на ОИНТ во инкубатор и не ми беше дозволено да го дојдам (за разлика каде секаде во свет се практикува кожа до кожа методата за побрзо закрепнување на предвремено родени бебиња).

Надојде млеко, бебе нема за да цица. Ниедна пумпа не може да извлече како што може бебе. Болки во градите, мастит уште во болница. Излегов од болница со празни раце. Чувствата беа измешани болка, тага, среќа...

Дома голготата околу полни гради со млеко продолжи. Бев убедена дека моето дете ќе цица кога ќе биде покрај мене. Ден и ноќ телефонот ми беше навиен на два часа, да ме потсетува дека треба да се измолзувам. Млекото го складирав во кесички и го замрзнував.

Одев во болница се измолзував, за да му даваат макар еднаш во три дена, еден оброк мое млеко. Сѐ така додека не дојде Лазар дома. Еден ден заѕвони телефонот и ми рекоа, можете да дојдете да го земете. Со брзина на светлината се спремав и отидовме да го земеме и да го донесеме дома.

Дома имав лакомо бебе, коа не се одвојуваше од мама и млекце бараше постојано. За кратко време ги надрасна бебињата и сега е дечко од три години. Морав да го одбијам, кога останав бремена со Ева.

Две години подоцна се повтори истата приказна. Повторно одлепување на плацента и повторно предвремено родено бебе. Иста г.н., иста килажа, само разликата беше во тоа што Ева беше само на опсервација (девојчињата биле појаки од машките, така ми кажаа).

Овојпат поучена од првиот пат не оставив да не ми дозволат да ја дојдам додека бевме во болница. Се борев, секојдневно одев, молев, само за Ева да прима мајчино млеко.

Се погоди една докторка од Бога дарена која даде зелено светло и после три дена ми дозволи да ја дојдам Ева. Веднаш до машината, за ако се случи нешто одма да реагираат.

Навечер не ми беше дозволено, но се молзев и им носев млеко, па они и го даваа. Со Ева бевме 9 дена во болница и така ми поминаа деновите таму. Овојпат почетничкиот доенички пат беше многу полесен.

И да, цицаа и Ева уште цица каде сакаат и кога сакаат.

Кога е вашата доеничка приказна? Дали сте за доење во јавност?“

Прочитајте и Во домот на Маја Кикириткова: Семејна куќа во Скопје во која доминира златната боја (фото)

Повеќе фотографии од Маја и нејзиното семејството:

View this post on Instagram

A post shared by Maja Kikiritkova Trajkovski (@majakikiritkova)

View this post on Instagram

A post shared by Maja Kikiritkova Trajkovski (@majakikiritkova)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка сум на 10 деца, сите ми се восхитуваат колку се добро воспитани - како успевам?“ И додека некои родители едвај се снаоѓаат со две деца и се правдаат со фактот де...
9 најубави имиња за момчиња и девојчиња родени во февруари Имињата во февруари често се врзуваат со Денот на виното и Денот на заљубените. ...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
Исповед на очајна мајка: „Со часови го успивам бебето, а сопругот се враќа од излегување и вика на ц... „Му пишав порака на сопругот дека бебето спие, а тој од излегување дојде и викаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg