Македонка со порака до мајките: „Денес има прсти на огледалото - еден ден сè ќе биде чисто, но ќе ни недостигаат малите прстиња“
„Никој не ми кажа дека вака ќе изгледа мајчинството со две мали деца… Не мора да е совршено за да биде убаво. Понекогаш е: расфрлано, гласно, уморно, хаотично и пак полно со љубов“, вели Ангела од Скопје.

Ангела Костовска од Скопје, по професија е економист, но таа е и горда мајка на две мали деца.
Оваа мајка преку својот Инстаграм често споделува свои искуства поврзани со мајчинството, и разменува совети со други мајки кај нас, за сите заедно да си бидат поддршка и да си го направат секојдневието помалку стресно, особено во моментите кога ќе имаат многу обврски и со децата, и со работата, и со домот.

Овој пат, Ангела преку неколку фотографии откри како самата си го романтизира мајчинството, нејзин начин да не се загуби во него.
Таа на Инстаграм објави неколку фотки, па напиша:
„Никој не ми кажа дека вака ќе изгледа мајчинството со две мали деца… Не мора да е совршено за да биде убаво.
Понекогаш е: расфрлано, гласно, уморно, хаотично и пак полно со љубов. И некако учам да не брзам низ тие моменти, туку да ги забележам“.

А во однос на работите кои ги искусува секојдневно, и на кои им дава малку романтична нота и ги гледа низ розови очила, таа вели:
„Будење во 5:30 и изгрејсонца. И иако сум уморна, некој мал ме чека да му бидам целиот свет.
Алишта еден куп што чекаат за диплење или... Ова е нашиот мал дом за кој секогаш сонував.
Прсти на огледалото колку и да го бришеш или... Еден ден сè ќе биде чисто и веќе ми недостигаат овие мали прстиња насекаде.
Дете фластерче во раце... И мисла што не ја кажувам гласно: ова нема да трае засекогаш.

Играње игра со улоги со неа... Не играм само со моето дете, се потсетувам како да уживам во мали работи и да бидам пак принцеза.
Играчки во кревет пред спиење или... Најслатката фаза - после напорен ден да спие со мене дур уште ми е бебе.
Сензорна игра со малку неред за средување или... Моменти на учење, мир и за нив и за мене, сè тоа со вакви производи кои ми го олеснуваат секојдневието.
Не се враќам на „старата мене" создавам нова во овој сладок хаос веќе со години, со нив... И не го романтизирам затоа што е лесно, туку затоа што знам колку брзо ќе помине“.
Погледнете ја објавата на Ангела:
А. Ј. | Црнобело