Дуња, Мартин, Гаја - 13 најубави имиња за девојчиња и момчиња родени во есен

Ако со нетрпение го очекувате вашето бебе, но сè уште не сте одлучиле какво име да ѝ/му дадете, дозволете есента да ви биде инспирација.

dunja-martin-gaja-13-najubavi-iminja-za-devojchinja-i-momchinja-rodeni-vo-esen-01.jpg

Ако чекате „есенско бебе“, а и понатаму не можете да се решите за името што би му го дале, ова се неколку убави и необични машки и женски имиња, а се на некој начин поврзани со ова годишно време.

Некои можеби ги знаете, а други ќе ги чуете првпат, но, можеби некое од нив ќе ве инспирира при изборот на име за вашето дете.

Ова се неколку машки и женски имиња со симболика поврзана со есента:

Дуња - име кое дефинитивно потсетува на есен. Дури и кога ќе го кажете на глас, помислувате на мирисот на дуњата, кој асоцира на ова годишно време.

Далија - име кое потекнува од истоимениот цвет, а која во некои краеви е позната и како кралица на есенските цвеќиња.

Амаја - јапонско име кое значи „ноќен дожд“.

Алма - име кое е необично за нашите простори, но е уникатно, а значи јаболко на унгарски и турски јазик.

Гроздана - старословенско име кое ги слави виното и лозјата.

Димитар - машка верзија на Димитра, име кое потекнува од грчката митологија (Деметра била божица на жетвата).

Денис - потекнува од Дионис, синот на Зевс и грчкиот бог на грозјето и виното.

dunja-martin-gaja-13-najubavi-iminja-za-devojchinja-i-momchinja-rodeni-vo-esen-02.jpg

Адам - ​​буквалниот превод на името од хебрејски е „црвена земја“, а во Библијата, Адам е првиот човек на земјата, Бог го создал од земја.

Ѓорѓи - Варијанта на грчкото име Георгиос, што значи „земјоделец“.

Јасен - старословенско име, кое означува вид на дрво. Старите Словени ги почитувале дрвјата првенствено затоа што верувале дека во нив живеат душите на предците и дека тие ги заштитуваат.

Горан - машко име кое било многу популарно во 1970-тите години, а е симбол на бескрајност и сила и означува некој што живее во планините, во шумата (а шумата е најубава на есен).

Гаја - женско име од грчкиот збор што означува Земја.

Мартин - име со латинско потекло, Мартинус, а е поврзано со свети Мартин, чиј ден се слави во ноември.

А. Ј. | Црнобело / фото: Freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
12 фотки што ќе ви го стопат срцето - првата средба на семејството со новото бебе „Имам 44 години и не мислев дека ќе станам татко, но тоа се смени денеска. Запоз...

Најчитани неделава