Во домот на Маја Кикириткова: Семејна куќа во Скопје во која доминира златната боја (фото)


Во домот на Маја Кикириткова: Семејна куќа во Скопје во која доминира златната боја (фото)

„Нашиот дом можам да го дефинирам како минималистички со лукс детали. Ја обожавам украсната трева пампас, па ја има скоро во секоја просторија“, открива 35-годишната Маја за нејзината семејна куќа од 280 метри квадратни во Ѓорче Петров.

vo-domot-na-maja-kikiritkova-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-dominira-zlatnata-boja-foto-01.jpg

Маја Кикириткова Трајковски, 35 години, по потекло од Штип, но живее во Скопје.

Со сопругот Александар, синот Лазар (3 години) и ќерката Ева (11 месеци) живее во населбата Ѓорче Петров, во куќа од 280 метри квадратни.

vo-domot-na-maja-kikiritkova-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-dominira-zlatnata-boja-foto-23.jpg

По професија е моден дизајнер, основач на брендот „Елеазар“, а од неодамна и „Совршен пар“, персонализирани меки кукли-животни, облечени во исто дизајнерско парче облека како и детето. Професор на ААБ Универзитетот во Приштина.

За уредувањето на нејзиниот дом таа открива за CRNOBELO:

„Со сопругот сме љубители на бела боја, дрво, бидејќи дава топлина, и златно како боја за деталите, па заеднични го смисливме целиот концепт за уредувањето на нашата куќа.

vo-domot-na-maja-kikiritkova-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-dominira-zlatnata-boja-foto-06.jpg

Тој повеќе беше задолжен за крупните работи, а јас за деталите, но сепак мора да кажам дека ова е еден заеднични проект.

vo-domot-na-maja-kikiritkova-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-dominira-zlatnata-boja-foto-15.jpg

vo-domot-na-maja-kikiritkova-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-dominira-zlatnata-boja-foto-02.jpg

Нашиот дом можам да го дефинирам, како минималистички, чист, со лукс детали. Ја обожавам украсната трева пампас, па ја има скоро во секоја просторија.

vo-domot-na-maja-kikiritkova-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-dominira-zlatnata-boja-foto-09.jpg

vo-domot-na-maja-kikiritkova-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-dominira-zlatnata-boja-foto-05.jpg

Омилена просторија во нашиот дом ми е дневната соба, бидејќи е голема и пространа и е поврзана со кујната во која готвам со задоволство.“

vo-domot-na-maja-kikiritkova-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-dominira-zlatnata-boja-foto-04.jpg

vo-domot-na-maja-kikiritkova-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-dominira-zlatnata-boja-foto-03.jpg

Повеќе фотографии од домот на Маја:

vo-domot-na-maja-kikiritkova-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-dominira-zlatnata-boja-foto-19.jpg

vo-domot-na-maja-kikiritkova-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-dominira-zlatnata-boja-foto-27.jpg

Повеќе фотки од домот на Маја на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ива од Битола: Розов дом во Барби стил (фото) Ива, која работи како судија – поротник при Апелационен суд Битола, смета дека д...
На гости кај Наташа: Семејна куќа во Битола со детали во силни бои (фото) „Бидејќи бев сигурна дека сакам сѐ во мојот дом да биде во црно-бела боја за да ...
На гости кај Моника: Стан во Скопје со нежни бои и „направи сам“ проекти (фото) „Нешто што знаев дека морам да го имам во мојот стан беше честерфилд софата во м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg