Квалитетот на Вива соковите во центар на внимание на саемот „PLMA World of Private Label“ во Амстердам

(Скопје, 25.05.2016) – Вива соковите предизвикаа голем интерес кај компаниите од прехранбениот сектор на еден од најпрестижните светски саеми „PLMA World of Private Label“ во Амстердам, Холандија каде учествуваат 2400 изложувачи.

kvalitetot-na-viva-sokovite-vo-centar-na-vnimanie-na-saemot-plma-world-of-private-label-vo-amsterdam-1.jpg

„Високите стандарди што ги применуваме во производство и квалитетот што го создаваме беа препознаени од компаниите со кои што направивме одлична основа за соработка. Како резултат на овој саем влегуваме во конкретни договори за соработка со реномирани компании од целиот свет. Ова е доказ дека со вложување во најмодерна технологија во производството и иновативноста во создавање на нови производи, за соковите ВИВА се отворија нови пазари. Саемите се одличен начин за презентација и отвораат можности за развој на компанијата и пласирање на Вива соковите надвор од нашата држава“,  изјави Ристо Јосифовски, комерцијален директор на Вивакс. 

kvalitetot-na-viva-sokovite-vo-centar-na-vnimanie-na-saemot-plma-world-of-private-label-vo-amsterdam-2.jpg

Нашиот  најголем производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци Вивакс со познатиот бренд Вива е единствениот македонски претставник од оваа индустрија. Во текот на саемските денови Вивакс го претстави целиот свој асортиман, а презентираниот квалитет како и атрактивниот дизајн на „ВИВА“ соковите го привлекоа вниманието на голем број од посетителите.

Саемот PLMA World of Private Label има триесетгодишно реноме на саем што ги поврзува трговците со производителите на приватни марки при пронаоѓање нови производи, нови контакти и откривање на нови идеи.

kvalitetot-na-viva-sokovite-vo-centar-na-vnimanie-na-saemot-plma-world-of-private-label-vo-amsterdam-3.jpg

kvalitetot-na-viva-sokovite-vo-centar-na-vnimanie-na-saemot-plma-world-of-private-label-vo-amsterdam-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Осамна емотивна објава на профилот на Зоки Фаци: „Една година помина… а чувството е исто“ На профилот на Зоки Фаци осамна емотивна порака и повеќе видеа и фотки кои се сп...
Се ожени ракометарот Дејан Манасков - Тамара Тодевска објави први фотки од свадбата на кумот Дејан Манасков (33), нашиот ракометар кој настапува за Македонска...
Ќерката на актерот Јаков Спасов наполни 1 година - Тематска забава во коњички клуб, каубои и торта с... Најинтересно беше тоа што децата дојдени на роденденот имаа можност да јаваат на...
Сведоштва на Надалина и Санела кои го преживеаја пожарот во Кочани: „Од излезот ме делеше само еден ... „Другарките успеаја да излезат, јас не. Почнува напад на паника, се онесвестив.&...
Mиа Костова објави фотка од татко му на Андрија, без да го покаже лицето - па се соочи со бизарни ко... „А колку ве има љубопитни и нервозни дека немате увид на кој личи Андрија... На ...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...

Најчитани неделава