Осамна емотивна објава на профилот на Зоки Фаци: „Една година помина… а чувството е исто“
- Детали
- понеделник, 03 ноември 2025
На профилот на Зоки Фаци осамна објава која на многумина им ја стегна душата, со спомени од неговиот живот и емотивна порака: „Да се изгуби човек како тебе значи да се изгуби дел од животот. Беше многу повеќе од вујко, беше брат, најдобар пријател, беше најголема поддршка за сите во секоја ситуација“.

Зоран Василевски – Фаци, нашиот познат естраден новинар и водител, почина на 1 ноември 2024.
По долгогодишна борба со туморот, болеста се врати посилна, а тој не успеа да ја извојува битката.

И покрај тоа што неговото тело се откажуваше, тој до последен момент остана ведар и полн со надеж и позитивна енергија, велејќи дека ќе го победи ракот и ќе се врати.
Последен ангажман му беше подкастот со Стефан Лазаров, а токму тој ја објави веста за неговата смрт.
Сега, една година подоцна, на Инстаграм профилот на Зоки, осамна нова објава, која предизвика морници и болка кај многумина што го познаваа.
Објавата е комбинација од видеа и фотки кои се спомен за него, а во описот стои емотивна порака:
„Една година помина… а чувството е исто.
Да се изгуби човек како тебе значи да се изгуби дел од животот.
Беше многу повеќе од вујко, беше брат, најдобар пријател, беше најголема поддршка за сите во секоја ситуација…

Човек кој знаеше што значи љубов, искреност и другарство.
Несебичен до крај, даваше сè од себе за другите, а никогаш ништо не бараше назад.
Го живееше животот со полни гради, без кочници, секогаш со насмевка каков и да ти бил денот...

Кога нешто не беше во ред, го кажуваше право во лице без маски, без лаги. Остар како жилет и затоа сите те почитуваа...
Крал на таблоидното новинарство, легенда во шоу-бизнисот, човек кој креираше приказни, имиња и знаеше како се прави спектакл.

Со вистински инстинкт за новитет и најдобар хумор што можеше да осветли и најтемниот ден.
Човек со огромна душа, голем љубител на животните, на дружбите, на убавите моменти.

Луѓето те сакаа затоа што беше свој, без филтри, и не се менуваше за никого.
Царство небесно Зочко“.

Повеќе фотографии од објавата:








М. М. | Црнобело