Маја Вукичевиќ емотивна за брат ѝ: „Колку и да сме далеку во Сиднеј, ни фалиш сè повеќе... Еден е брат!“
- Детали
- четврток, 16 април 2026
„Ти посакуваме пред сè челично здравје и со леснотија да тераш до 101...“, гласи дел од објавата на Маја Вукичевиќ за роденденот на брат ѝ, а потоа таа го покажа и внукот, кој ѝ е гордост и најголема слабост.

Maja Вукичевиќ неодамна го прослави својот 52-ри роденден со синот Гораст (31) во Австралија, а потоа емотивни роденденски објави им посвети и на внукот Горјан и на брат ѝ Слободан, кој живее во Скопје и многу ѝ недостига.

На нејзиниот роденден таа емотивно напиша: „Срцето ми е поделено на половина... Секојдневно се будам со мислата на мојата Македонија и сите драги луѓе“.

Меѓу најдрагите дефинитивно и се членовите на нејзиното семејство.

На внукот Горјан таа му посвети објава:
„Лепотане на тетка, убавец наш шампионски, да си ни жив и здрав!
Нека ти е среќен 17-тиот роденден, Горјан слабост моја!
Со љубов, Маја и Горазд“.
Пред тоа таа на нејзиниот брат му напиша:
„Среќен роденден Бобе!
Ти посакуваме пред сè челично здравје и со леснотија да тераш до 101!

Колку и да сме далеку во Сиднеј, ни фалиш секој ден сè повеќе... еден е брат! Чувај се и уживај во денот.


Маја со синот во Австралија:


С. С. | Црнобело