Maja Вукичевиќ (52) роденденски со синот (31) во Австралија: „Срцето ми е на половина, се будам со мисла за Македонија“
- Детали
- среда, 08 април 2026
„Ве сакам сите и ми недостигате неизмерно. Секојдневно се будам со мислата на мојата Македонија и сите драги луѓе“, носталгично напиша Маја Вукичевиќ на својот 52-ри роденден, кој го слави во прегратка со синот Гораст.

Maja Вукичевиќ денес (08.04) го слави својот 52-ри роденден со синот Гораст (31) во Австралија.

На крајот од април и тој ќе прослави роденден, а во една роденденска пригода Маја му напиша:
„Благослов мој, љубов мајкина. Биди ми жив и здрав и нека Бог ти ги отвори сите патишта кои се наменети за тебе. Мајка е секогаш до тебе!“


Сега, по повод својот роденден Маја откри колку е носталгична за Македонија.
Нејзината објава гласи:
„Ве сакам сите и ми недостигате неизмерно. Ви благодарам што ми го правите роденденот посебен.

Колку и да е тешка и голема далечината, во овие моменти таа комплетно исчезнува.

Срцето ми е поделено на половина... Секојдневно се будам со мислата на мојата Македонија и сите драги луѓе и ве гушкам силно.

Од друга страна, новите пријателства ја направија носталгијата по Македонија поднослива. Ве сакам!“



С. С. | Црнобело