Маја Вукичевиќ води семеен живот во Австралија, по музичката кариера со хитови и храбри модни избори (фото)

Маја Вукичевиќ (48) - пејачка во чекор со последната мода, актуелности и со феноменални и храбри стајлинзи за секое фестивалско или телевизиско појавување, настапуваше на речиси сите македонски поп фестивали каде се пееше во живо, но пред неколку години се повлече од македонската сцена и замина во Австралија каде води семеен живот.

maja-vukichevikj-vodi-semeen-zhivot-vo-avstralija-po-muzichkata-kariera-so-hitovi-i-hrabri-modni-izbori-foto-01.jpg

Маја Вукичевиќ е позната на македонската естрада, а доста популарни беа нејзините провокативни спотови.

Позната е и по нејзината долгогодишна соработка со српскиот режисер Дејан Миличевиќ, кој правеше спотовите на Маја да изгледаат скапо и, за тоа време уникатно.

Со оглед на тоа дека секогаш била дискретна во однос на својот приватен живот, таа стана уште поинтересна, затоа што сите информации за нејзиниот љубовен живот се сведуваа на шпекулации и поврзувања со разни градски фаци, бизнисмени и политичари.

https://www.youtube.com/watch?v=nNQd6Fm675M

Единствено познато за неа е дека се омажила млада и на 20 години го родила синот Гораст, кој сега веќе има 26 години.

Синот ѝ е нејзина најголема гордост, за што е доказ и нејзината поодамнешна објава од 2019 година, кога тој дипломирал на Економскиот факултет во Скопје.

После повеќе од 20 години присутност на македонската музичка сцена, Маја се повлече од музиката и се врати на старата љубов - новинарството, кога и работеше во магазинот Теа модерна.

Сега Маја веќе неколку години живее во Сиднеј, Австралија, заедно со нејзиниот сегашен сопруг, се претпоставува Македонец кој живее и работи таму.

И покрај нејзината желба да почне нов живот преку океанот како мажена жена со мирен живот, Маја недостасува на нашата сцена.

Таа е запаметена како една од нашите поп пејачки, без чии песни не поминуваше ниту една домашна забава, а и во ноќните клубови нејзините хитови беа пуштани постојано.

За жал многу од нејзините најдобри спотови повеќе не се достапни на YouTube, но песните сè уште се слушаат и покрај отсуството на спот. 

Можеби и ќе нè изненади со некој хит снимен во Австралија, никогаш не се знае.

Маја последниов период најчесто објавува слики од природа или пак пејзажи од Австралија, без многу себеекспонирање.

Во продолжение повеќе фотографии и видеа од Маја:

Кара | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава