Креативниот директор на Publicis One Македонија Василије Ќорлука дел од жирото на Off Drum Љубљана, Постер награда за 2016

Како дел од годинешното издание на реномираниот интернационален фестивал за креативност „Голден Драм“ и градот Љубљана ќе се одржи натпреварот „Off Drum“, а како дел од четиричленото жири е Извршниот креативен директор на Publicis One Македонија Василије Ќорлука. Конкурост за пријавување на сите заинтересирани  креативци кои имаат помалку од 30 години и сакаат да земат учество на натпреварот за избор на најдобар постер за Љубљана е сè уште отворен.

kreativniot-direktor-na-publicis-one-makedonija-vasilije-korluka-del-od-zirito-na-off-drum-ljubljana-poster-nagrada-za-2016-1.jpg

Апликациите за натпреварот оваа година треба да бидат на темата: „Градот Љубљана е зелен за тебе. Биди активен, биди фит!“ кои потребно е да бидат испратени до 15 септември 2016 година. Претседател на жирито ќе биде Џејсон Ромејко, кој ја доби престижната награда „Golden Watch“ за најнаградуван креативен директор на „Голден Драм“ фестивалот во 2015 година. Тој ќе ги оценува постерите со четворица дополнителни членови на жирито: Тјаша Фицко, Заменик градоначалник на локалната заедница на Љубљана, Словенија, Василије Ќорлука, извршен креативен директор на Publicis One Македонија, Катлин Добре, извршен креативен директор на McCann Букурешт, Романија и  Мартон Једлицка, креативен директор на Исобар, Будимпешта Унгарија.

Претседателот на „Off Drum“ жирито е добитник на голем број на награди. Оваа година тој е награден со 10 кански лавови, претежно за кампањата  „Sea Hero Quest“, која претставува во светот првата мобилна игра, и има за цел да им помогне на научниците да се изборат со болеста деменција. Во 2015 година тој освои импресивни 9 кански лавови за „Vangardist Magazine“ и „The HIV+ Issue“. „Мојата цел е да овозможам да се случуваат убави работи. И за тоа не е потребен само талент, туку мора да работите повеќе од останатите”.

Авторот за најдобар постер ќе биде награден со 3,000 € од страна на градот Љубљана, додека „Голден Драм“ ќе му овозможи на победникот да биде дел од фестивалот Голден Драм 2017  покривајќи ја во целост котизацијата за учество. Авторите на втората и третата награда за постерот ќе бидат наградени со по една комплетна котизација за 2017 „Голден Драм“ Фестивалот. Краен термин за пријавување е 15 септември 2016 година.

Повеќе за натпреварот - тука.


Важни дати
:

Влез и регистрација за делегати: отворена

Краен рок за последно влегување: 13 септември 2016

Ран краен рок за делегати: 20 септември 2016

Повеќе за „Голден Драм“ на www.goldendrum.com.

Би можело да ве интересира:

Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна ... „Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додек...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...
Каролина Гочева издоминира со стајлинг од тантела во жирито на „Никад није касно“ (фото+видео) „Најголемиот сон си го остварив рано во животот – тоа е музиката“, вели Каролина...
Јован Јованов искрено за љубовта во младоста: „Миа Костова ми беше прва долга врска, бевме интересен... „Со Миа многу мали почнавме, она се запиша 1-ва средно, јас 3-та или 4-та, средн...
Германец се воодушеви од Шар Планина, објави видео додека борда: „Ова не се Алпи, Македонија е!“ „Дали е ова и понатаму едно од најдобрите места во Европа? Нема лифтови, не...

Најчитани неделава