Јован Јованов искрено за љубовта во младоста: „Миа Костова ми беше прва долга врска, бевме интересен пар“

„Со Миа многу мали почнавме, она се запиша 1-ва средно, јас 3-та или 4-та, средно школо во музичко. Заљубен бев, тинејџерска љубов. Сум имал и претходно пократки врски што не успеале, ама со Миа ми беше прва долга врска, бевме над 2 години заедно“ - Јован Јованов раскажува за љубовта од младоста, но зборува и за разводот, новата љубов, кариерата, како и за златните времиња од ерата кога живееше македонската поп сцена. 

jovan-jovanov-iskreno-za-ljubovta-vo-mladosta-mia-kostova-mi-beshe-prva-dolga-vrska-bevme-interesen-par-01.jpg

Јован Јованов, човекот кој е „виновник“ за македонската забавна музичка сцена во почетокот на 2000-тите години, до ден денес твори и е активен, но од 2013-та живее во Канада.

Често доаѓа во Македонија, посебно во последните 4 години откако е дел од организација на Макфест, но приватниот живот го чува за себе.

Во гостување во подкастот на Лазаров, тој сега зборуваше за музичката кариера, за почетоците на 16 години со групата Магија, но потсети и на златните времиња, кога се запознал со Врчак и зборува за многу други колеги со кои работеле низ годините, а со чии песни многумина израснале и се хитови до денес.

jovan-jovanov-iskreno-za-ljubovta-vo-mladosta-mia-kostova-mi-beshe-prva-dolga-vrska-bevme-interesen-par-07.jpg

Освен за музиката, за спомените од минатото, селењето од Македонија, носталгијата и предизвиците со кои денес се соочуваат младите пејачи, Јован за првпат зборуваше и за приватниот живот.

Она што за многумина беше интересно, е неговиот љубовен живот, но во младоста, кога откри дека негова прва голема љубов и долга врска му била Миа Костова.

„Со Миа многу мали почнавме, она се запиша 1-ва средно, јас 3-та или 4-та, средно школо во музичко.

Она само што се запиша таа година, тоа лето се запознавме, она сакаше да биде балерина. Миа ми беше првата долга врска. Заљубен бев, тинејџерска љубов.

Сум имал и претходно пократки врски што не успеале, ама со Миа ми беше прва долга врска, бевме над 2 години заедно. И по весници излегуваа објави дека сме заедно.

jovan-jovanov-iskreno-za-ljubovta-vo-mladosta-mia-kostova-mi-beshe-prva-dolga-vrska-bevme-interesen-par-02_copy.jpg

Бевме млади, средно школо, ама убаво искуство, супер беше, бевме интересен пар во тоа време, тинејџери. 

Ја видов сега пред една недела, во непријатен момент малку, после толку години, на погребот на Панчо, одамна ја немам видено и баш се изгушкавме“.

Во текот на разговорот, тој отворено говореше и за неговата поранешна сопруга, со која не се заедно од 2018-та, но функционираат одлично и како пријатели и како бизнис партнери, а најважно од сè – како родители на нивната ќерка.

„Во фантастични односи сме, добри пријатели сме, имаме ќерка и уште функционираме како партнери во бизнисот што го имаме таму.

Немавме никаков проблем, едноставно ја изгубивме емоцијата и енергијата, љубовната страна.

Двајцата сме емотивно зрели и одлучивме да не се влечеме со години како многу парови што глумат дека е сè добро.

jovan-jovanov-iskreno-za-ljubovta-vo-mladosta-mia-kostova-mi-beshe-prva-dolga-vrska-bevme-interesen-par-03.jpg

Двајцата се сложивме дека животот е пред нас, си останавме пријатели и секој по своја страна.

Нормално дека секое дете сака родителите да му се заeдно, ама повеќе сака кога гледа дека не се скарани“.

Иако по разводот имал неколку неуспешни врски, денес е заедно со девојка од Македонија, по име Тијана, со која има врска на далечина.

jovan-jovanov-iskreno-za-ljubovta-vo-mladosta-mia-kostova-mi-beshe-prva-dolga-vrska-bevme-interesen-par-04.jpg

Погледнете го целиот подкаст:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...

Најчитани неделава