Богата програма и попусти за четвртиот роденден на Скопје Сити Мол

Од 1 до 4 октомври, Скопје сити мол ќе го прославува својот четврти роденден со многу музика и настапи, подароци, неверојатни попусти и изненадувања за потрошувачите, бесплатни коктели и слатки, жонглери, артисти, музика од гаражни бендови и шопингот до 70% попуст на одредени производи во одредени продавници.

bogata-programa-i-popusti-za-cetvrtiot-rodenden-na-skopje-siti-mol-1.jpg

Од 1 до 4 октомври, Скопје сити мол ќе го прославува својот четврти роденден и ќе обезбеди доживувања вредни за паметење, со големи попусти во локалите, многу музика и настапи, подароци, бесплатни коктели и слатки, жонглери, артисти, музика од гаражни бендови и ДЈ како и шопингот до 70% попуст на одредени производи во одредени продавници.

На 1 октомври во рамките на традиционалниот настан „Ем умеам, ем можам“ кој веќе 4 години по ред се одржува во Скопје сити мол ќе може да уживате во детска програма и изложувачи од разни производствени капацитети, а вечерта е резервирана за настап на хрватската поп-атракција Данијела Мартиновиќ од 20.30 часот, а нејзе ќе и претходат со свој настап култните Нокаут од 18.30 часот. Авантурата низ продавниците и угостителски објекти продолжува до 24 часот, приклучувајќи се на градскиот настан „Бела ноќ“.

За најмалите се организирани креативни работилници, а за девојките и момците Скопје сити мол организира избор на лице за насловна страна на зимското издание на City Mall магазинот од посетителите што ќе дојдат на 1 октомври во Скопје Сити Мол. Победникот на овој избор освен што ќе ја краси насловната страница, ќе добие и многу вредни подароци во кои ќе ужива во текот на целата година.

Скопје сити мол за прв пат ги отвори своите врати за потрошувачите на 4 октомври 2012 година и за кратко време успеа да стане актуелно собиралиште што ја редефинира колективната градска  забавна и шопинг содржина, урбано обележје што понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше во мирување.

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...

Најчитани неделава