Систина Офталмологија во поддршка на хуманитарни активности на “Денот на Белиот Стап” во Сити мол

По повод “Денот на белиот стап”, тим на  офталмолози на Систина Офталмологија зaедно со членовите на Лајонс Дистрикт 132 Скопје беа присутни во саботата на 15.10.2016 во Сити Мол во Скопје од 11 до 15 часот, каде вршеа очни мерења со автоматски рефрактометри и одговаараа на прашањата на граѓаните. Овозможен е скрининг на преку 300 деца и возрасни, а останатите заинтересирани граѓани добија одговори на прашања поврзани со катаракта, отстранување на диоптријата и очни болести поврзани со дијабетисот. 

sistina-oftalmologija-vo-poddrska-na-humanitarni-aktivnosti-na-denot-na-beliot-stap-vo-siti-mol-2.jpg

Истражувања на Светската здравствена организација покажуваат дека околу 246 милиони имаат проблеми со видот, додека 39 милиони се комплетно слепи. Поради тоа превентивните мерења и навремените прегледи се исклучително значајни за навремено спречување на болестите во уште во рана фаза.

Систина Oфталмологија како дел од ланецот на хрватската Очна клиника Свјетлост, инвестира  финансиски и човечки ресурси во зголемување на свесноста и информираноста на пациентите за новите можности на превенција и лекување на очните болести. Брзи и ефикасни методи за корекција на диоптријата,  cross linking метода за кератоконус, најновите видови мултифокални леќи кои освен што ќе ја отстранат катарактата, ќе ви ја корегираат и диоптријата, современи пристапи и решавање на глаукомот, крварења на очите, последици од дијабетис, се само дел од можните решенија на вашите очни болести кои во Систина Офталмологија ги решаваат со еднодневна хирургија.

Во развојната стратегија за ширење на знаење и превенција на очните болести, Систина Офталмологија под покровителство на Свјетлост, на 05.11.2016 (сабота), во хотел “Мериот” во Скопје, организира регионален Симпозиум, на кој ќе бидат претставени “Новитетите во офталмологијата”.

sistina-oftalmologija-vo-poddrska-na-humanitarni-aktivnosti-na-denot-na-beliot-stap-vo-siti-mol-1_copy.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава