Понекогаш среќата лежи во шолја топол чај

Иако повеќето ќе се сложат дека чајот е совршен да се конзумира во зимските денови вистинските љубители на оваа чудотворна напивка подеднакво уживаат во неа и за време на летниот период, конзумирајќи го како ладен чај кој освежува. Тука лежи и неговата предност: во зима не затоплува, а во лето разладува притоа балансирајќи го нашиот организам благодарејќи на моќните тревки скриени во неговата содржина.

ponekogas-srekjata-lezi-vo-solja-topol-caj-1.jpg

Понекогаш шолјата топол чај значи саботно утро релаксирано од секојдневните обврски, нашата комфорна зона, друг пат тоа е грижата на нашата мајка кога сме болни, или  гест на  љубов после напорниот работен ден, или пак можеби само освежувачка напивка која ни ја враќа силата за време на напорните физички тренинзи. Луѓето се повеќе се интересираат за здравиот начин на исхрана па попладневното кафето често пати го заменуваат со чајот. Понекогаш вистинскиот избор на билките може да овозможи и темелна детоксикација на организмот, како што е на пример зелениот чај. Па така можеме да заклучиме дека тој е број еден пијалок кој можеме да го конзумираме со полна доверба во секој дел од денот и годината.

Но што го прави чајот толку посебен и вкусен?  Како да го препознаеме неговиот висок квалитет за да уживањето го доведеме до ниво на совршено задоволство. Генерално квалитетот на чајот е детерминиран од неколу фактори: свежина на состојките, боја, ароматичност и вкус. Од изборот на билките и начинот и времетраењето на нивото сушење па се до внимателнотo пакување зависи каков ќе биде квалитетот на чајот.

ponekogas-srekjata-lezi-vo-solja-topol-caj-2.jpg

Италијанското семејство Ламборџини иако познато во автомобилската индустија од 1981 година го прошируваат својот бизнис и започнуваат да произведуваат премиум прозиводи за секојдневна употреба. Меѓу нив е и висококвалитетната селекција на чаеви кои го носат нивното име. Станува збор за осум различни класични чаеви и четири инфузии пакувани во единечни кесички: цели листови со највисок квалитет, рачно порабени свилени филтер кесички за чај со познатото лого “Raging Bull” на етикетите

На секое пакување на Тонино Ламборџини кутијата стои детален опис на вкусот и времето на инфузија со цел да се даде јасна и точна информација за подобро сервирање и поголемо уживање во овие премиум чаеви.

За повеќе информации кликнете тука, следете нè на Фејсбук или посетете ја официјалната веб страница.

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......

Најчитани неделава