Три нови линии на ВИЗ ЕР од Скопје - Малта, Рим и Ваксјо (Шведска)
- Детали
- вторник, 28 февруари 2017
Авиокомпанијата и аеродромскиот оператор ТАВ Македонија денеска прославија три милиони патници на Виз ер во Македонија, најавија три нови авиолинии и базирање на четврт воздухоплов во Скопје.
Виз ер, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и ТАВ Македонија, компанијата што управува со двата македонски аеродрома, најавија отворање на три нови авиолинии од Скопје до - Малта, Рим и Ваксјо (Шведска), како и базирање на четвртиот воздухоплов на авиокомпанијата на скопскиот аеродром. Заедно со оваа возбудлива најава, Виз ер и ТАВ денеска прославија и важно достигнување - три милиони патници на авиокомпанијата во Македонија, заедно дочекувајќи го 3 милионитиот патник на скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’.
Ширењето на мрежата на рути на Виз ер ќе почне во јули година, кога во исто време со базирањето на 4-от воздухоплов во нивната база во Скопје, почнувајќи од 14. и 16. јули, авиокомпанијата ќе почне да лета од Скопје до 3 нови возбудливи дестинации - Малта, Рим (Чампино) и Ваксјо (Шведска).
Продажбата на билетите за овие три нови линии почнува денеска, на wizzair.com со цени кои почнуваат од 1.799 денари***, додека сите резервации направени на која било од 27-те дестинации достапни од Скопје денеска 28. февруари до полноќ ќе бидат со специјален попуст од 20%*.
-Денешната најава дополнително ја истакнува нашата заложба кон Македонија и посветеноста на Виз ер за носење можности за патување по најниска цена за нашите клиенти, заедно со одличната услуга на Виз ер за време на летовите каде што ја имаме една од најмладите флоти кои што оперираат во Европа. Нашата инвестиција во базата во Скопје со дополнителниот воздухоплов, трите нови линии и зголемените фреквенции на постојните летови, значи повеќе работни места во Македонија и во Виз ер, но и кај нашите бизнис-партнери, и тоа дополнително ќе ги стимулира туристичките и угостителските индустрии и ќе ги зајакне бизнис-односите во Македонија. Како најголемата авиокомпанија што оперира во земјата, Виз ер исто така денес прославува важно достигнување - 3 милиони патници превезени на нашите ниско-тарифни линии до и од Македонија. Ја прославуваме успешната приказна на Виз ер во Македонија со специјална продажба на авионски карти со 20%* попуст на цената за сите нови резервации направени денес, 28 февруари, до која било од 27-те дестинации достапни од Скопје, изјави Овен Џонс, Главен директор за корпоративни прашања на Виз ер.
Покрај новите воведени линии, летовите од Скопје до Ајндховен, Брисел-Шарлероа, Меминген (Минхен Запад) и Копенхаген ќе бидат со зголемени фреквенции до три летови неделно, додека конекциите од Скопје до Гетеборг Ландветер, Братислава и од Охрид до Базел-Милхаус-Фрајбург ќе бидат со зголемени фреквенции до четири летови неделно. Во исто време, популарните летови од Скопје до Малме и Милхаус сега ќе сообраќаат секој ден.
-Наша голема чест и задоволство е што пред почетокот на летниот распоред на летање, денеска сме тука да го прославиме достигнувањето три милиони патници на Виз ер во Македонија, базирањето на нивниот четврт авион во Скопје, но и уште една убава вест – најавата на трите нови линии за Рим, Малта и Ваксјо (Шведска), за кои сме сигурни дека ќе бидат дочекани со огромен интерес и возбуда од страна на патниците на скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’. Овие три нови рути, заедно со веќе најавената нова линија на Виз ер до Будимпешта, која ќе почне од 2-ри април, се навистина атрактивни дестинации, барани од пазарот и ќе бидат вистински погодок во контекст на проширувањето на нашата мрежа на авиолинии од двата македонски аеродроми. Ова е резултат на нашите постојани маркетинг-студии и активности“, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.
Четвртиот воздухоплов на Виз ер што се приклучува на флотата во базата во Скопје претставува натамошна инвестиција од дополнителни 99 милиони евра** од страна на Виз ер во Македонија, притоа отворајќи дополнителни директни работни места, со што вкупниот број на директни вработувања на авиокомпанијата во Скопје ќе достигне 150.
Во 2016 г. Виз ер, најголемата авиокомпанија во Македонија, превезе преку 1 милион патници на ниско-тарифните македонски рути, што претставува пораст од 27% на годишно ниво и поддржува повеќе од 750 локални работни места**** во сродни индустрии. Прикажувајќи ја својата посветеност кон македонскиот пазар, авиокомпанијата постојано инвестира во својата постојано растечка мрежа, нудејќи 29 линии до 13 земји од двата македонски аеродрома: во Скопје и во Охрид, вклучително и рутата од Скопје до Будимпешта што почнува во април.
Во текот на минатите шест години, откако Виз ер го почна првиот лет од Скопје до Лондон во јуни 2011 г., 3 милиони патници уживале во Виз ер искуството, ниските цени, лесниот систем за резервација и одличната услуга за време на летот на една од најмладите и најефикасните флоти во Европа.
ТАВ Македонија и во минатата 2016 г. продолжи со импресивниот двоцифрен пораст на бројот на патници, достигнувајќи 1,8 милиони патници на двата македонски аеродрома, „Александар Велики“ – Скопје и „Св. Апостол Павле“ – Охрид, што е зголемување од 15% на годишно ниво. Во исто време бројот на летови е зголемен за 8,9%, достигнувајќи вкупно 16.883 летови во 2016 г.
НАЈНОВИТЕ РУТИ НА ВИЗ ЕР ОД СКОПЈЕ
Дестинација | Денови | Почеток | Цени од*** |
Малта | Понеделник, петок | 14 јули 2017 | MKD 1.799 |
Рим Чампино | Понеделник, петок | 14 јули 2017 | MKD 1.799 |
Ваксјо | Четврток, недела | 16 јули 2017 | MKD 1.799 |
ЗГОЛЕМЕНИ ФРЕКВЕНЦИИ НА ВИЗ ЕР ОД СКОПЈЕ
Дестинација | Фреквенции на летови во една недела |
Ајндховен | 3 наместо 2 |
Брисел Шарлероа | 3 наместо 2 |
Гетеборг Ландветер | 4 наместо 3 |
Меминген (Минхен Запад) | 3 наместо 2 |
Малме | Секој ден |
Базел – Милхаус-Фрајбург | Секој ден |
Копенхаген | 3 наместо 2 (до 17 септември) |
Братислава | 4 наместо 2 (од 18 септември) |
ЗГОЛЕМЕНИ ФРЕКВЕНЦИИ НА ВИЗ ЕР ОД ОХРИД
Дестинација | Фреквенции на летови во една недела |
Базел – Милхаус-Фрајбург | 4 наместо 3 |
За Виз ер
Wizz Air е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, оперира со флота од 73 воздухоплови Airbus A320 и Airbus A321 и нуди повеќе од 450 рути до 26 бази, поврзувајќи 130 дестинации низ 38 земји. Во Wizz Air, тим од 2.800 авијациски професионалци испорачува супериорна услуга и многу ниски цени на авиобилетите, правејќи ја авиокомпанијата преферираниот избор на 20 милиони патници во текот на последната финансиска година до март 2016. Wizz Air е котирана компанија на Лондонската берза под кратенката WIZZ и е дел од берзанските индекси FTSE 250 и FTSE All-Share. Wizz Air е регистрирана членка на Меѓународната Асоцијација за Воздушен Транспорт (IATA), на Ревизијата за оперативна безбедност (IOSA), што е глобален бенчмарк и признание за безбедност на авиокомпаниите. Неодамна компанијата беше именувана – ,,Авиокомпанија со најдобра вредност за 2016 година’’, од страна на уредниците на Air Transport World, еден од водечките авијациски магазини.
За ТАВ аеродроми
„ТАВ аеродроми“ е еден од водечките аеродромски оператори во светот во чија што мрежа се аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Милас-Бодрум“ и „Газипаша“ во Анталија, сите во Турција. Потоа, аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и Загреб, во Хрватска, сите се оперирани од „ТАВ аеродроми“. Холдингот, исто така, обезбедува услуги преку своите филијали и во други области на аеродромските операции, што вклучува бесцарински продавници, храна и пијалоци, прифат и отпрема на воздухоплови и патници, ИТ, обезбедување и други оперативни услуги. Во овој контекст, „ТАВ аеродроми“ раководи со бесцаринските продавници, храната, пијалоците и останатите комерцијални сегменти на аеродромот во Рига во Латвија. Вклучувајќи ги и своите филијали, „ТАВ аеродроми“ во 2016 година обезбеди услуги за 808.000 летови и повеќе од 104 милиони патници.
Би можело да ве интересира:





