Tonino Lamborghini: Италија во една шолја кафе

Што значи италијанскиот гламур навистина? Што ги прави Италијанците толку посветени на дизајнерската естетика? Дали е темел поставен во нивната историја и култура или едноставно DNA нишка во нивните гени?!

tonino-lamborghini-italija-vo-edna-solja-kafe-1.jpg

Италијанците знаат да уредат дом, да дизајнираат автомобили од кои “боли глава“, да се дотераат од глава до пети и да уживаат во добро кафе на сончева веранда. Како и да погледнеме, италијанскиот дизајн е олицетворение на лукусз. Имињата на италијанските дизајнери и производители, од автомобилската до модната индустрија, асоцираат на префинетост кога и да ги слушнеме.

Славните личност со стил и филмската индустрија со Холивуд, целосно го издигнаа и наметнаа италијанскиот стил врз глобалната сцена. Блескавите сцени од легендарниот La Dolce Vita на Фелини, или стилот на Грегори Пек и Одри Хепберн во својот романтичен занос на ретро Веспа во Roman Holidays од 1953.

Сега е лесно да ја вметнете италијанската префинетост и естетика во вашиот дом или во вашиот стил на облекување, но постои еден начин како да ја вкусите Италија во една шолја кафе.

Вистинските љубители на еспресо во Македонија сега имаат можност да уживаат во вкусот на автентичната италијанската традиција во своите омилени кафулиња. Tonino Lamborghini е италијанско премиум еспресо со неодолив и избалансиран вкус, произведено и пакувано во Италија.

Италијанските дизајнери навистина умеат да внесат убавина во иновациите. Од минималистички, префинет дизајн на приборот за послужување на кафе, како и дизајнерската сензација на Тонино Ламборџини- кафе машините наменети за угостителите, до задоволството да се има дома црвена лименка 250 грамско пакување на  регуларно мелено еспресо, и  еспресо во зрна.  Овие производи се создадени да додат уште поголема вредност на моментот кога целосно ги ослободувате вашите сетила за да уживате во една шолја еспресо.  Црна мешавина  од Alta Mogiana Арабика и високo квалитетна Робуста,  Црвена мешавина  на Арабика од Централна Америка и Бразил со допир на робуста или пак  Платинум мешавина  на бразилски зрна 100 % Арабика, Тонино Ламборџини не отстапува од избалансиран, полн вкус, интензивна арома и автентичен шмек.

Последниот новитет од овој бренд е вистински спој на квалитет и практичност.  Тонино Ламборџини  еспресо капсули  кои се компатибилни со Nespresso® машина за кафе, а ќе можете да ги набавите во вашиот најблизок супермаркет. А за еспресо арома во секое време, па дури и во ноќта, безкофеинска мешавина од Арабика и Робуста од Јужна Америка е вистински избор, достапнаво 250 грамско пакување во лименка и еспресо патрони вакумирани во една доза, фино мелено и печено кафе.

tonino-lamborghini-italija-vo-edna-solja-kafe-2.jpg

Еспресо е како ниеден друг пијалок на светот. Една доза еспресо во денот прави низа корисни ефекти врз умот и телото. Допринесува за фокус и концентрација, ја поттикнува креативноста , ги изострува сетилата, а аромата предизвикува емоции и спомени кои го негуваат расположението.

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......

Најчитани неделава