Мистериозна голема кутија ги заинтригира Скопјани

Скопје, (20.03.2017) Нешто несекојдневно го привлече вниманието на Скопјани минатиов викенд. Во недела наутро пред Скопје Сити Мол се појави џиновска Nike Air Max кутија, која согласно информациите до кои дојдовме, треба да најави големо изненадување кое ќе се открие ексклузивно на 26ти март – Денот на Nike Air Max.

misteriozna-golemja-kutija-gi-zaintrigira-skopjani-1.jpg

Air Max Day се одбележува секоја година на глобално ниво заедно со сите спортски ентузијасти и љубителите на еден од најпрепознатливите светски брендови, Nike, како и на легендарната линија на спортски обувки, Air Max. Оваа година Air Max прославува јубилеј од 30 години, одбележувајќи ја триесетгодишната историја од промовирање на урбаната култура насекаде низ светот со линија на патики, која отсекогаш била препознатлива за Nike.

Оваа година се прославуваат јубилејни 30 години и од првото откривање на култните Air Tailwind. Револуцијата на Air Max започна во 1987 година кога патиките од специјализирани тркачки патики станаа незаменлива опрема за кошарка, тренинг и тенис, брзо прераснувајќи во уникатен симбол на урбаниот животен стил.

misteriozna-golemja-kutija-gi-zaintrigira-skopjani-2.jpg

После 30 години Air Max продолжува да еволуира!

Безброј минувачи низ Скопје веќе си го поставуваат прашањето: „Што се крие во кутијата?“ Мистеријата ќе биде разоткриена во недела, 26.03.2017, во 13.00 часот.

Бидете дел од ексклузивниот настан!

misteriozna-golemja-kutija-gi-zaintrigira-skopjani-3.jpg

misteriozna-golemja-kutija-gi-zaintrigira-skopjani-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава