Основците од „Нова“ со маски и флеш моб во центарот на Скопје ја подигаа свеста за загадувањето на воздухот

Со прошетка низ центарот на Скопје и танцов перформанс (флеш моб), основците од меѓународното училиште „Нова“ заедно со група на професори и родители денеска (петок, 31 март) ја подигaa јавната свест за значењето на чистиот воздух. Околу 130 учесници маршираа низ градот со маски на кои имаа напишано или нацртано различни пораки за превенција од загадувањето, а активноста ја заокружија со два флеш моба – еден на плоштадот „Македонија“ и вториот на плоштадот „Филип Втори“. Тие танцуваа на тематски одбраната песна Earth song од Мајкл Џексон и го привлекоа вниманието на голем број случајни минувачи низ центарот на Скопје.

osnovcite-od-nova-so-maski-i-flesh-mob-vo-centarot-na-skopje-ja-podigaa-svesta-za-zagaduvanjeto-na-vozduhot-1.jpg

Настанот за подигнување на свеста во врска со загадувањето продолжи и во попладневните часови, со Саем за наука под мотото „Go Green, Breath Clean“ кој се одржа во просториите на меѓународното училиште „Нова“. На саемот за наука учениците од шесто до осмо одделение ги презентираа своите истражувачки проекти поврзани со загадувањето на воздухот, но и за превентивните начини со кои може да се влијае кон ублажување на последиците од загадувањето.

osnovcite-od-nova-so-maski-i-flesh-mob-vo-centarot-na-skopje-ja-podigaa-svesta-za-zagaduvanjeto-na-vozduhot-2.jpg

Учениците од „Нова“ пред присутните на саемот ги презентираа резултатите и сознанијата до кои дојдоа изминатиов период истражувајќи ги темите како што се: влијанието на загадениот воздух во различни сезони врз здравјето на луѓето, употребата на некои растенија како индикатори на загадениот воздух, разлики во загадувањето во различни животни средини, влијанието на загадениот воздух врз климатските промени и глобалното затоплување, употреба на алтернативни извори на енергија со цел намалување на загадувањето на воздухот и сл.

osnovcite-od-nova-so-maski-i-flesh-mob-vo-centarot-na-skopje-ja-podigaa-svesta-za-zagaduvanjeto-na-vozduhot-3.jpg

- Загадувањето на воздухот е тема која нѐ допира сите што живееме во Скопје, но и во другите градови во Македонија. Свесни сме колку загадувањето е штетно по нашето здравје, но многумина сметаат дека не можат да направат ништо за да ја подобрат ситуацијата. Со денешните активности на нашите основци сакавме да им покажеме на учениците дека секоја индивидуа може барем минимано да влијае врз подобрување на состојбата со загадувањето, но истовремено сакавме да ја подигнеме и јавната свест за овој горлив проблем. Големиот интерес на случајните минувачи покажа дека сме го избрале вистинскиот начин за да го привлечеме нивното внимание и да ја исполниме нашата цел - велат од меѓународното училиште „Нова“.       

Освен што ги презентираа сопствените истражувања, на агендата на саемот беше и презентација на тема „Составот на воздухот и загадување на воздухот“ што им ја образложи г-ѓа Сари Лаппи, проектен менаџер во Финскиот метеролошки институт.

osnovcite-od-nova-so-maski-i-flesh-mob-vo-centarot-na-skopje-ja-podigaa-svesta-za-zagaduvanjeto-na-vozduhot-4.jpg

osnovcite-od-nova-so-maski-i-flesh-mob-vo-centarot-na-skopje-ja-podigaa-svesta-za-zagaduvanjeto-na-vozduhot-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...

Најчитани неделава