RED BULL DOODLE ART 2017 - Македонското жири ги виде првите чкртачки трудови

Со првиот настан одржан во Скопје започнаа квалификациите за учество во натпреварувањето на студентите од целиот свет во чкртање познато како Red Bull Doodle Art.

red-bull-doodle-art-2017-makedonskoto-ziri-gi-vide-prvite-ckrtacki-trudovi-1.jpg

Чкртањето како слобода на изразување, каде што нема правила и ограничувања, претставува заедничка карактеристика на сите студенти кои го откриваат својот внатрешен талент за време на предавањата. Red Bull Doodle Art настојува да обедини преку 50.000 студенти од целиот свет кои преку глобалната платформа ќе успеат да се изборат за учество на финалната манифестација.

Единствената шанса да се претставува Македонија на Глобалниот завршен настан на Red Bull Doodle Art 2017 доаѓа преку учество на локалните натпревари, а во Скопје се организираше првиот настан во локалот „Кантина“. На тој начин на ова невообичаено неделно матине беа добиени првите 20 трудови во опуштена атмосфера со присуство на публика и музика од Dj Ux.

red-bull-doodle-art-2017-makedonskoto-ziri-gi-vide-prvite-ckrtacki-trudovi-2.jpg

На патот до националното финале кон крајот на април ќе има уште неколку, по што победникот ќе добие виза за настап во возбудливото финале. Предвидено е за време на апликациската фаза од 3 до 16 април на повеќе факултети во Македонија да се отворат неколку уметнички катчиња, aстудентите ќе можат да нацртаат цртежи со коишто ќе се пријават на натпреварот. Публиката ќе може да ги види сите чкртаници и да гласа за своите фаворити преку www.redbulldoodleart.com каде што е лоцирана глобалната платформа.

За националниот победник ќе одлучува македонското жири, во кое членуваат Иван Петрушевски, Давид Ристевски - Dreadpen и Д-р Ангелина Поповска. Петрушевски е графички дизајнер и илустратор кој работи во областа на дигиталната уметност од 2003 година, со неколку самостојни и групни изложби зад себе. Препознатлив по сомбре-суканиците, Ристевски е дизајнер што е вработен во маркетинг агенција, но исто така и „зависник“ од чкртањето кој признава дека секогаш носи маркер со себе. Иако нејзината професионална определба како доктор по науки за конзервација и реставрација на икони, на што воедно и работи во Националнциот конзерваториски центар, Ангелина Поповска е наградуван академски сликар со неколку самостојни изложби, чие што поле на интерес е концептуалната уметност со користење модерни техники.

red-bull-doodle-art-2017-makedonskoto-ziri-gi-vide-prvite-ckrtacki-trudovi-5.jpg

Иако на финалето ќе има само еден учесник од Македонија, Семос Едукација обезбеди дополнителни три награди во вид на ваучери за посетување на обуки за дизајн во нивниот Adobe Authorized Training Centar.

Оваа глобална манифестација по втор пат ќе претставува светски собир на сите национални победници, откако првата глобална галерија беше организирана во Кејптаун, Јужна Африка, во 2014 година, со учество на Матеј Тодоровски, тогашен студент на Архитектонскиот факултет во Скопје. За оваа година финалето повторно предвидува возбудлива локација, но претхдоно сите учесници ќе добијат соодветен тренинг за креирање завршно уметничко дело со цртање во три димензии (3D), за љубителите на уметноста да можат на крајот да го видат сето тоа преку виртуелната реалност. За глобалниот победник ќе одлучува судиски панел.

red-bull-doodle-art-2017-makedonskoto-ziri-gi-vide-prvite-ckrtacki-trudovi-3.jpg

Што е чкртаница?

Цртеж без фокус што се црта додека мислите ви се окупирани со други нешта.

Што е Red Bull Doodle Art?

Натпреварување кое се одржува ширум светот меѓу студентите, при што тие ги приложуваат своите чкртаници за оценување по основ на стилот и креативноста. Еден чкртач од секоја земја ќе биде повикан на глобалното финале и ќе се натпреварува против студентите од целиот свет. Победничкото дело од секоја земја ќе биде изложено во Глобалната виртуелна галерија. На изложбата ќе биде прогласен еден меѓународен победник.

Кој ќе биде крунисан како глобален победник во Red Bull Doodle Art 2017?

Ќе дознаеме наскоро!

За повеќе информации околу земјите учеснички, како и за начинот на кој што можете да го пријавите своето дело, посетете ја страната www.redbulldoodleart.com, #doodleart

red-bull-doodle-art-2017-makedonskoto-ziri-gi-vide-prvite-ckrtacki-trudovi-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Бајковита свадба на пар од Скопје - невестата во раскошна венчаница, младоженецот во розов костум и ... „Во брак сме скоро две години, но поради пандемијата, плановите за свадба малку ...
Ресторан во Свети Николе е вистинска есенска бајка со тикви, суво цвеќе и сено (фото) Со доминација на портокалови нијанси и многу различни облици на тикви, овој лока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg