Подарок што пропатува цел океан за да стигне во Крушево

Илјадниците километри оддалеченост од Марија во еден миг исчезнаа кога Жаклина Палеска Трајчулеска го доби подарокот што во име не нејзината ќерка ѝ го достави тимот на Септолете Тотал на прагот од нејзиниот дом во Крушево. Имено, Жаклина е една од трите мајки кои беа одбрани во јавниот повик инициран од Септолете Тотал во намерата да израдува една посебна мајка, номинирана од своите најблиски, мајка која ја користела моќта на своето грло да инспирира, мотивира, поддржи или ги охрабри своите најмили.

podarok-sto-propatuva-cel-okean-za-da-stigne-vo-krusevo-01.png

Со оваа иницијатива Септолете Тотал сакаше да оддаде должна почит и восхит кон мајките, во насока на препознавање на жените што имаат позитивна улога во животот на своите најмили, мајките што благосостојбата на своите деца ја ставиле над своите потреби и голем дел од својот живот го посветиле во зајакнување на потенцијалите на своите деца.

Во многуте пристигнати пораки и писма, тимот на Септолете Тотал ги препозна трите писма во кои најавтентично, најверодостојно и најживописно е раскажана улогата и придонесот на мајката.

Марија Трајчулеска која во моментов престојува во САД ја испрати својата порака, надевајќи се дека ќе биде една од избраните поединци кои сакаат да ја израдуваат својата мајка со мал момент што ќе и го стопли срцето. Среќата и се насмевна кога Септолете Тотал во нејзино име испрати пакет со подароци и писмо до Жаклина.

“Солзи радосници, возбуда и неверување беа првите реакции кога го отворив подарокот и го прочитав писмото што во име на мојата ќерка Марија го добив од Септолете Тотал. По тоа следуваше цел час разговор по скајп со ќерка ми и образложување како овој подарок во суштина го пропатува целиот океан и стигна до мене. Верувам дека секоја мајка го прави она што смета дека е најдобро за своите деца и никогаш не очекува ништо за возврат, но кога ќе добиете вакво признание од сопственото дете, знаете дека ништо не било залудно“ - изјави Жаклина Палеска Трајчулеска, една од наградените мајки.

podarok-sto-propatuva-cel-okean-za-da-stigne-vo-krusevo-02.jpg

Со оваа иницијатива Септолете Тотал сакаше не само формално, туку и суштински да ги демонстрира своите вредности, како бренд што се залага за препознавање и искажување на благодарност кон мајките, но и кон сите други поединци што имаат позитивен импакт во животот на останатите.

Моќта на грлото е огромна и тоа ни овозможува да се изразиме најдобро што знаеме. Тоа е основната идеја позади Септолете Тотал, што ја слави моќта на здравото грло и моќта на мајката од своето дете да култивира поединец полн со љубов, сочувство и грижа за својот родител.   

Би можело да ве интересира:

Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Секоја чест! 6-годишно девојче од Македонија „држи предавања“ по англиски, италијански и македонски ... „Таа е сѐ уште мала, профилот на Инстаграм е повеќе е за забава, детска активнос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg