Со Триглав Осигурување обезбедете целосно осигурување за Вашето возило

Можност за квалитетна и ефикасна поправка на возилата оштетени од град со примена на новата, иновативна технологија PDR.

so-triglav-obezbedete-celosno-osiguruvanje-za-vaseto-vozilo-001.jpg

Одберете ја осигурителната компанија и осигурувањето на автомобили кои што ви обезбедуваат најдобра покриеност и кои што најдобро ќе ве заштитат вас, вашето возило и вашите патници.

Mинатата недела бевме сведоци на силно невреме, проследено со обилни врнежи и град, кое што го зафати регионот на Скопје. Како резултат на градот беа предизвикани посериозни материјални штети, во најголем дел на возила.

Триглав Осигурување, имајќи ја во предвид масовноста на предизвиканите штети на моторни возила, за прв пат на нашиот пазар, преку своите високо професионални  соработници обезбеди за своите клиенти, сопственици на каско осигурување, можност за ефикасно санирање на настанатите штети на возилата, поточно нуди алтернативна можност за квалитетна поправка на возилата оштетени од град со примена на нова, иновативна технологија PDR - paintless dent removal, или отстранување на вдлабнатини без употреба на боја.

Со користење на технологијата PDR можат да се поправаат голем број оштетувања, сѐ додека површината на бојата е недопрена. Најчестата практична примена за PDR е поправка на оштетувања предизвикани од град, како и исправање на врати, вдлабнатини и оштетувања на каросеријата. PDR може да се користи на алуминиумски и на челични панели.

Оваа алтернатива ќе можат да ја одберат корисниците на каско осигурување на возила на Триглав Осигурување, производ со висок квалитет, којшто  за сите видови моторни возила обезбедува целосно осигурување, без оглед на причинителот на штетата, вклучувајќи го како основен ризик, меѓу останатите, и градот.

Високиот квалитет на услугите, како и нудењето на додадена вредност за клиентите се во фокусот на работење на Триглав Осигурување, затоа што сме уверени дека тоа е единствениот начин за обезбедување на задоволството и лојалноста на клиентите.

Би можело да ве интересира:

Катарина топлес на плажа, Каролина први фотки со сопругот - Ретро фотки од 2016-та се тренд на Инста... „Гледам по Инстаграмов 2026-та била новата 2016-та… Па, според сликиве што ги ис...
„Нека Бог ве води“ - Атрактивната водителка, Емакулате од Кенија, позираше новогодишно со сопругот М... „Влегуваме во Новата година со најголемиот дар од сите - љубов, семејство и заед...
Штипската четворка порасна - слатки новогодишни честитки од Ведран, Леонтина, Теодор и Михаил (фото) Момчињата дотерани во празнични блузички со Гринч, а Леонтина во црвено карирано...
Ирина вљубено го гледа Павле Камилоски, Елена Стојановска пред новата црква во Скопје: Што прават ма... Aлександар Митевски прослави 25 години брак, позираше со сопругата и ќерките Ања...
Денес е Василица - Никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги Според обичаите во еден дел од Македонија, на овој ден се прави домашна погача в...
Мила Јовановска е млада уметница: „Преку сликањето ги ослободувам емоциите и мислите на платно“ „Патувањата ме поттикнуваат да гледам подлабоко, да набљудувам и да забележувам ...

Најчитани неделава