Мила Јовановска е млада уметница: „Преку сликањето ги ослободувам емоциите и мислите на платно“

„Патувањата ме поттикнуваат да гледам подлабоко, да набљудувам и да забележувам детали кои подоцна стануваат основа на мојот творечки процес. Овие впечатоци најчесто се поврзани со архитектурата и нејзините ситни, но значајни елементи, со природата и со човечката присутност - собено со женската фигура како носител на емоција, сила и сложеност“, вели Мила Јовановска.

mila-jovanovska-e-mlada-umetnica-preku-slikanjeto-gi-osloboduvam-emociite-i-mislite-na-platno-01.jpg

Мила Јовановска е млада уметница и студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), која секојдневно живее и создава помеѓу две различни, но за неа природно поврзани сфери - уметноста и технологијата.

Како млад човек кој расте во дигиталната ера, таа ги користи можностите што ги нудат и креативниот и техничкиот свет за да се инспирира, да се изрази и да ги остварува своите цели.

mila-jovanovska-e-mlada-umetnica-preku-slikanjeto-gi-osloboduvam-emociite-i-mislite-na-platno-03.jpg

„Најголемата инспирација ја црпам од патувањата со моите родители. За мене тие не се само промена на место, туку начин да го проширувам својот видик, можност да запознаам нови култури, различни секојдневија и начини на живеење.

Преку тие искуства учам да се прилагодувам на средината во која се наоѓам, да ја согледувам убавината во различностите и постепено да ја обликувам својата личност.

mila-jovanovska-e-mlada-umetnica-preku-slikanjeto-gi-osloboduvam-emociite-i-mislite-na-platno-06.jpg

Патувањата ме поттикнуваат да гледам подлабоко, да набљудувам и да забележувам детали кои подоцна стануваат основа на мојот творечки процес.

Овие впечатоци најчесто се поврзани со архитектурата и нејзините ситни, но значајни елементи, со природата и со човечката присутност - собено со женската фигура како носител на емоција, сила и сложеност“.

mila-jovanovska-e-mlada-umetnica-preku-slikanjeto-gi-osloboduvam-emociite-i-mislite-na-platno-13.jpg

Мила ги претвора овие набљудувања во визуелни приказни кои не се ограничуваат само на платно, туку продолжуваат да живеат и во текстилна форма.

Така, дел од нејзините уметнички мотиви се пренесени во колекцијата уникатни маици, каде делата добиваат нов контекст како нослива уметност, достапна и присутна во секојдневниот живот, со што нејзината уметност свесно ја изнесува надвор од традиционалниот галериски простор.

mila-jovanovska-e-mlada-umetnica-preku-slikanjeto-gi-osloboduvam-emociite-i-mislite-na-platno-02.jpg

Истата логика ја следи и при изработката на својата веб-страница, која самостојно ја дизајнира и претставува простор каде уметноста, технологијата и личниот израз се спојуваат во една целина, создадавајќи платформа што ќе расте заедно со нејзината кариера.

„ФИНКИ за мене не е само факултет, туку средина која секојдневно ми помага да ја развивам логиката, дисциплината и начинот на размислување.

Мојата цел не е да изберам само една насока, туку сакам да ги спојам двете професии во една автентична кариера, со што ќе создавам иновативни производи и ќе градaм сопствен бренд.

Трендовите ги гледам како алатка - нешто што постојано истражувам, прилагодувам и надградувам според својот интерес и визија“, вели таа.

mila-jovanovska-e-mlada-umetnica-preku-slikanjeto-gi-osloboduvam-emociite-i-mislite-na-platno-05.jpg

Во текот на годините има учествувано на бројни конкурси и натпревари во полето на цртањето и сликарството, оценети со признанија, но и награди на државно и меѓународно ниво, што дополнително ја мотивира да продолжи да се надградува и да ги користи своите знаења во различни контексти.

Првата самостојна изложба на уметнички дела, за Мила беше производ на неколкугодишен труд, истрајност и верба во сопствениот сон.

mila-jovanovska-e-mlada-umetnica-preku-slikanjeto-gi-osloboduvam-emociite-i-mislite-na-platno-08.jpg

Таа не ја доживува како крајна цел, туку како поттик и доказ дека со работа и посветеност може да се успее, дури и како млад уметник. Изложбата беше целосно медиумски покриена, а најголем дел од делата беа продадени, што за неа претставуваше силна мотивација да продолжи уште посериозно понатаму.

Во дигиталната ера, каде младите постојано се поврзани со технологијата, за Мила е исклучително важно да има простор каде е целосно „offline“.

mila-jovanovska-e-mlada-umetnica-preku-slikanjeto-gi-osloboduvam-emociite-i-mislite-na-platno-11.jpg

Сликањето е токму тој простор - место каде ги ослободува емоциите и мислите на платно.

Потоа, тие идеи повторно ги обработува и развива на компјутер, користејќи ги дигиталните алатки за да ја зголеми својата продуктивност и да ги конкретизира замислите во проекти со јасна порака и приказна.

mila-jovanovska-e-mlada-umetnica-preku-slikanjeto-gi-osloboduvam-emociite-i-mislite-na-platno-10.jpg

Како дел од својот современ пристап, Мила активно се промовира преку својот Инстаграм профил @milas_worldofart, каде ги споделува своите уметнички дела, дигитални проекти, креативни процеси и нарачки.

Преку оваа платформа таа гради директна врска со публиката и создава простор каде уметноста, технологијата и личниот развој се испреплетуваат во едно, со што е пример за млад човек кој во ова денешно комплексно живеење успева да ги спои убавото со практичноста, креативноста и сопствената амбиција за напредок во инжинерската индустрија.

mila-jovanovska-e-mlada-umetnica-preku-slikanjeto-gi-osloboduvam-emociite-i-mislite-na-platno-04.jpg

Би можело да ве интересира:

„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Катарина Ивановска за светската кариера: „Не знаев ни да одам на штикли, на 17 години заминав сама в... „Не знаев ни да позирам, ни да одам на штикли, поим немав, влегов во нешто непоз...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...

Најчитани неделава