Интересни факти за прославата за Денот на независноста на САД во Скопје

Прославата на Денот на независноста во Амбасадата на САД во Скопје, секоја година е настан на кој на едно место се собираат убави луѓе или елитата во државата.

interesni-fakti-za-proslavata-na-denot-na-nezavisnosta-na-sad-vo-skopje-1.jpg

Вчера, во дворот на амбасадата на САД, со прекрасен поглед на градот и Водно, се одбележа 241-та годишнина од независноста на Соединетите Американски Држави.

Темата на овогодинешната прослава беше „Градење мостови“ - амбасадорот Џес Бејли упати повик за градење на мостови меѓу заедниците, а земјите да ги надминат разликите и да го помогнат заедничкиот развој.

Во пријатно друштво, уживавме во музиката на Леа и Д Хаундс, а особено нè воодушеви прекрасниот глас на Канита Сума со изведбата на химната на САД.

Неизбежно и карактеристично за прославата на 4-ти јули секоја година е огнометот кој е препознатлив за овој настан.

interesni-fakti-za-proslavata-na-denot-na-nezavisnosta-na-sad-vo-skopje-3.jpg

За прв пат, споделуваме неколку интересни непознати факти за организацијата на прославата:

1. Подготовките за настанот секоја година започнуваат уште во месец јануари. Што значи, потребни се 6 месеци за да се организира прославата до перфекција.

2. Многумина се прашуваат како се стигнува до покана. Освен Владини претставници, политичари и дипломати, амбасадата на САД испраќа покани и до лидери на заедниците, членови на граѓанската и бизнис заедниците и останати соработници и пријатели за заедно да го прослават 4 јули.

3. За време на настанот синоќа беа послужени 2.500 мини хамбургери.

4. Најмногу гости до сега имало во 2011-та година – 3.302. Настанот во исто време бил и испраќање на тогашниот амбасадор Филип Рикер, по завршување на неговиот мандат во Скопје.

5. За прв пат прославата на Денот на независноста на Соединетите Американски Држави во Македонија се одржала во 1994 година. Оттогаш, овој настан станува традиција и се одржува секоја година.

6. За храната да биде на највисоко ниво, Амбасадата ангажира комитет за дегустација, годинава на чело со Г-ѓа. Capie Polk Baily. Во него членуваат дел од персоналот на Амбасадата - комбинација дел Американци, дел вработени од локалното население. Се организира дегустација на слепо каде комитетот ја оценува храната на секој од рестораните врз основа на вкусот и изгледот.

Ние си поминавме одлично, а сите гости имаат уште еден настан и спомени за паметење.

interesni-fakti-za-proslavata-na-denot-na-nezavisnosta-na-sad-vo-skopje-7.jpg

interesni-fakti-za-proslavata-na-denot-na-nezavisnosta-na-sad-vo-skopje-6.jpg

interesni-fakti-za-proslavata-na-denot-na-nezavisnosta-na-sad-vo-skopje-9.jpg

interesni-fakti-za-proslavata-na-denot-na-nezavisnosta-na-sad-vo-skopje-8_copy.jpg

interesni-fakti-za-proslavata-na-denot-na-nezavisnosta-na-sad-vo-skopje-4.jpg

interesni-fakti-za-proslavata-na-denot-na-nezavisnosta-na-sad-vo-skopje-10.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Го дочекав моментот фонтаната Лотос пак да работи, ми се врати времето назад. Скопје расцутено, уба... „И после толку години, го видов моментот кога Лотосот пак работи. Мала работа, а...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава