Марк Лејланд е нов генерален менаџер на Скопје Мериот Хотел

Најголемиот ланец на хотели во светот, Мериот Интернационал, пред повеќе од една година ги отвори вратите на Скопје Мериот Хотел во нашата држава. Брендот кој важи за еден од најелитните во светот со својата 90 годишна традиција и присуството во 122 земји со повеќе од 6000 хотели во целост ги оправда големите очекувања во Скопје.

mark-lejland-e-nov-generalen-menadzer-na-skopje-meriot-hotel-01.JPG

Од почетокот на овој месец Скопје Мериот Хотел, кој минатата година стана добитник и на наградата за најдобар бизнис хотел, Златна монета, го именуваше Британецот Марк Лејланд за нов генерален менаџер.

Марк Лејланд e вистински професионалец со богата кариера во Мериот која ја започнува уште во 2003-та година како менаџер за храна и пијалаци во хотелот во Абердин. Од тогаш тој бил на највисоки менаџерски функции во уште 4 хотели на Мериот во Велика Британија. Неговото искуство и лидерските способности, како и забележителниот успех во работата, му овозможуваат да биде промовиран во генерален менаџер на Мериот хотелот во Јорк. Марк успева да го позиционира хотелот како рекордер во остварен приход за 2014 година. Потоа неговата кариера продолжува во Мериот хотелот во Портсмут каде продолжува со својата практика да руши рекорди во профит и продажба. Пред да дојде на челното место во Скопје Мериот Хотел тој се стекнува со дипломата Honours in Hospitality Business Management од Универзитетот во Лидс за потоа 8 месеци да го збогатува искуството во елитните хотели низ Азија.

Тимот на Скопје Мериот Хотел надополнет со искусен лидер каков што е Марк Лејланд ќе продолжи со остварување на зацртаната стратегијата на еден од престижните брендови во светот за постојано унапредување и зацврстување на лидерската позиција на Мериот Интернационал во Македонија.

mark-lejland-e-nov-generalen-menadzer-na-skopje-meriot-hotel-02.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава