Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Поврзување во рамките на регионот на Југоисточна Европа - во организација на Самит100 промовирана новата фаза на проектот EDISON eCity

povrzuvanje-na-ramkite-na-regionot-na-jugoistochna-evropa-vo-organizacija-na-samit-100-promovirana-novata-faza-na-proektot-edison-ecity-01.jpg

Непосредно пред почетокот на европската недела на мобилност, овој викенд во Целје беше лансирана нова фаза на проектот EDISON eCity - еден од најзначајните регионални проекти во областа на еколошкиот транспорт.

Настанот на кој присуствуваа бројни претставници на стопанството од регионот, заедно со државни претставници на Владата на Словенија и на Европската Унија, го организираше регионалната иницијатива Самит100  во партнерство со локалната власт на Целје и со Rotary клубовите од регионот.

Платформата ЕДИСОН (EDISON) настана во Словенија во 2015 г., како резултат на хуманитарна иницијатива во која за потребите на деца со инвалидитет во рентакар-услугите беа воведени електрични возила, модел BMWi13, со што се воспостави првата еколошка економија на споделување - еден од најбрзо растечките светски економски трендови. По инсталирањето на десет постојки за напојување на електричните возила во Словенија, оваа иницијатива беше претставена во рамките на Самит100 во Сараево, со план да се воведе електрификација на пат во должина од 2400 км, кој ги поврзува сите поголеми градови од регионот, од Љубљана преку Загреб и Белград до Скопје, Тирана, Приштина, потоа Дубровник, Сплит, Задар и Копар, а во април оваа година беше промовиран и проект eBelgrade. Минатиот викенд беа претставени првите резултати од платформата и беше лансирана фазата eCelje, со која проектот ЕДИСОН го продолжува поврзувањето во рамките на регионот на Југоисточна Европа.

На промоцијата на новата фаза, во Целје, присуствуваше и европската комесарка за транспорт, Виолета Булц.

Еден од творците и главните придвижувачи на проектот е д-р Изток Селјак, претседател на Управниот одбор на словенечката компанија „Хидрија“ , една од водечките европски компании од областа на автомобилската технологија, и потпретседател на Управниот одбор на Самит100.

Се наоѓаме во епохален период на голема трансформација на општество кое ќе се базира на обновливи извори на енергија и економија на споделување (sharing) и сите ние во регионот гледаме на тоа како феноменална можност  како поврзан регион да ја искористиме можноста за брз раст. Проектот ЕДИСОН  денес е препознатлив  како еден од стратешки најважните проекти на еколошкиот транспорт во Европа, а ова го потврдува и денешното присуство г-ѓа Виолета Булц. , изјави Исток Селјак. “ЕДИСОН од регионот прави лабораторија за зелена мобилност, а успешните решенија можеме да ги презентираме и на глобалниот пазар”

Настанот во Целје е една од активностите во рамките на регионалната иницијатива Самит100, а во пресрет на неговиот шести регионален годишен собир, кој ќе се одржи во Скопје, на 16 и 17 октомври.

Самит100 на бизнис-лидерите на Југоисточна Европа претставува единствена деловна иницијатива која ги обединува најистакнатите бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија, со цел да ја позиционира регионалната соработка како приоритетна задача на дневниот ред на секоја Влада во регионот, кој ќе ја унапреди конкурентноста на националните економии и ќе го зајакне потенцијалот на Југоисточна Европа.

Оваа година во Скопје, овој настан ќе обедини повеќе од 150 бизнис и политички лидери од регионот, заедно со специјални гости од Европската комисија, Европската банка за обнова и развој (EBRD), Европската инвестициска банка (EIB), Норден, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд (MMF) и многу други, со цел идентификување на клучните проекти и новите договори за новота доба, во согласност со слоганот на Самит100.

Би можело да ве интересира:

Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg