Telekom SafeNet услуга за безбедност на мобилната мрежа

telekom-safenet-usluga-za-bezbednost-na-mobilnata-mreza-1.png

  • Македонски Телеком прв на македонскиот пазар воведува услуга интегрирана во мобилната мрежа којашто го штити корисникот од небезбеден веб интернет сообраќај
  • Ова единствено безбедносно решение нуди заштита на корисниците од злонамерен софтвер, вируси, крадење на личните податоци (фишинг) или хакирање
  • Корисниците на Smart, Magenta 1 и Magenta 1 business мобилните тарифи можат да ја активираат услугата и да ја користат бесплатно до 31.12.2017 година
  • Останати корисници на пост-пејд мобилни тарифи со вклучен интернет имаат можност за бесплатен период од 4 недели

Македонски Телеком од денеска, прв на македонскиот пазар воведува услуга интегрирана во мобилната мрежа (cloud решение) којашто го заштитува сообраќајот остварен преку интернет прелистувач. Ова единствено безбедносно решение нуди заштита на корисниците од злонамерен софтвер, вируси, крадење на личните податоци (фишинг) или хакирање. За користење на Telekom SafeNet решението, корисникот не треба да инсталира и да ажурира никаков софтвер или апликација на неговиот смартфон таблет или лаптоп. Telekom SafeNet услугата функционира без разлика на типот на уредот или оперативниот систем.

„Во светски рамки, сајбер криминалот постојано е во пораст. Како компанија којашто е пионер во технолошки иновации, секогаш се водиме од врвното корисничко искуство и проактивно обезбедуваме модерни услуги во согласност со светските трендови за заштита на мрежата и корисниците. Затоа, први на македонскиот пазар обезбедуваме услуга со која ги штитиме корисниците на мобилни услуги  од онлајн закани, овозможувајќи им решение кое што е лесно за користење и нуди сигурна интернет заштита“, изјави Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Корисниците на Smart, Magenta 1 и Magenta 1 business мобилните тарифи можат да ја активираат услугата и да ја користат бесплатно до 31.12.2017 година

Останати корисници на пост-пејд мобилни тарифи со вклучен интернет имаат можност за бесплатен период од 4 недели. По завршувањето на бесплатниот период услугата ќе може да се активира по цена од 29 денари месечно.

Услугата се активира со само еден „клик“ во интернет прелистувачот во моментот кога кај корисникот ќе се појави страница која нуди активирање на решението, преку оператор на 122, преку говорен автомат на 149777 или во која било Телеком продавница.

Би можело да ве интересира:

Македонски доктори со впечатлив моден стил - Врвни професионалци кои се грижат за изгледот Иако изгледаат впечатливо во униформа, многу македонски доктори пленат и кога ќе...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...
Секоја чест! 6-годишно девојче од Македонија „држи предавања“ по англиски, италијански и македонски ... „Таа е сѐ уште мала, профилот на Инстаграм е повеќе е за забава, детска активнос...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...
Кристина Димитри во златен аутфит со танга, Калиопи со мајка ѝ: Што прават македонските ѕвезди на И... Кристина Димитри, во стилот на Јелена Карлеуша, настапи во провокативен аутфит в...
Перо Антиќ се санка со синовите, Антониа Гиговска секси во црна тантела: Што прават македонските ѕве... Снегот на планините ги измами Македонците, па Викторија Лоба откри дека е на ски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg