Нова промоција во Вип - HBO пакет бесплатно цела година, со Vip Комбо

Скопје, 18 октомври 2017- Во годината на прославување на десет годишниот јубилеј од постењето на брендот, Вип со задоволство најавува уште една атрактивна промоција овојпат во рамките на Vip Комбо пакетите со нова поволност и можност корисниците да изберат согласно нивните потреби за комуникација и за забава.

nova-promocija-vo-vip-hbo-paket-besplatno-cela-godina-so-vip-kombo-001.jpg

Со новата понуда, корисниците можат да направат комбинација од мобилни и фиксни услуги во еден Vip Комбо пакет и да добијат: телевизија со најмногу HD канали, супер брз интернет, фиксна и мобилна телефонија и да добијат единствена можност да го гледаат HBO пакетот бесплатно, цела година.

HBO пакетот ги вклучува ТВ каналите HBO, HBO2 и HBO3, каде корисниците можат да ги гледаат најпопуларните светски ТВ серии и филмови додека Vip Комбо корисниците на кабелска технологија, покрај SD квалитет ќе можат да ги следат HBO каналите и во HD квалитет.

Понудата е достапна за сите нови и постојни корисници кои во промотивниот период ќе склучат договор на 24 месеци за било која Vip Комбо тарифа. По истекот на првите 12 месеци, за HBO пакетот ќе важи актуелната претплата од 249 денари месечно.

Дополнително сите корисници кои ќе склучат договор за Vip Комбо преку кабелска технологија добиваат бесплатна интерактивна телевизија со која нема да пропуштат ниту момент од омилената серија или филм, а можат и да ја паузираат програмата, да гледаат емитувана програма од почеток, да снимаат ТВ програма во живо како и да гледаат ТВ програма до 50 ТВ канали, 7 дена наназад и родителска заштита.

Сите нови активации на Vip Комбо добиваат интерактивна телевизија бесплатно. Постоечките корисници на Vip Комбо може да ја активираат интерактивната телевизија доколку на локацијата постои техничка можност, со еднократен надомест.

Со најновата промоција, Вип уште еднаш ја демонстрира својата посветеност кон стратегијата за обезбедување на квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за македонските граѓани.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период повеќе информации можат да се добијат на www.vip.mk и во Центарот за грижа за корисници 077 1234.

Би можело да ве интересира:

„Поканив 75 луѓе на забава дома, дојдоа 150“: Кој им бил најубавиот дочек на Нова година на познатит... Иџе со семејството, Васил Гарванлиев организирал луда забава без знаење на цимер...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
Иван Јованов, по врската со Антониа Гиговска, очекува дете со новата девојка - направи забава за отк... Иван Јованов, вокалистот од „Либеро Бенд“ ја изненади јавноста со веста дека има...
Оштетени магистрални оптички кабли на Телеком на повеќе локации Ги известуваме корисниците дека утрово беа оштетени главни магистрални оптички к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg