Скопје го доби Creative Hub – бизнис центар на креативноста и неформалното образование

Почнувајќи од септември годинава, започна со работа првиот бизнис центар за креативност и неформално образование – Creative Hub, кој се наоѓа во строгиот центар на Град Скопје (веднаш до Универзална Сала).

skopje-go-dobi-creative-hub-biznis-cenat-na-kreativnosta-i-neformalnoto-obrazovanie-01.jpg

Creative Hub, на своите посетители им овозможува модерен co-working простор (направен по план на Гугл кампусот во Мадрид), луксузно опремен за да ги задоволи и најпрефинетите бизнис потреби за работа или организирање на настани, а истовремено нуди и програма за сертифицирање по стандардите на Certiport, во која се вклучени повеќе Microsoft и Adobe компјутерски курсеви, како и курсеви за основи на програмирањето и повеќе понапредни вештини како оние за етичко хакирање, 3д графика, CSS3 и JavaScript.

За само два месеци од постоењето го надминавме бројот од 100 членови кои се вклучени во нашите активности, што преставува јасна потврда на фактот дека на Скопје и Македонија и недостигаше еден ваков центар кој ќе го обедини целиот креативен и бизнис потенцијал. Продолжуваме силно во намерата да направиме бизнис-револуција и да ги создаваме идните лидери во нашата заедница!“ – велат Бојан Коскаров и Филип Манојловски, кои се дел од тимот што управува со центарот.

skopje-go-dobi-creative-hub-biznis-cenat-na-kreativnosta-i-neformalnoto-obrazovanie-03.png

Во рамки на Creative Hub функционира и програма за изучување на повеќе странски јазици и стручни курсеви наменети за подобрување на менаџерските вештини и познавањето на финансиите (целата листа на курсеви и обуки може да се погледне на овој ЛИНК), a како посебен дел од центарот се и стартап академијата, која има за цел да им помогне на сите претприемачи и луѓе со бизнис-идеи како нивните планови и модели практично да ги развијат, како и креативните работилници, кои за прв пат во Скопје нудат можност за изучување на повеќе различни креативни вештини.

Creative Hub е отворен за сите бизнис-ентузијасти, млади претприемачи, афирмирани бизнисмени, луѓе кои сакаат континуирано да се развиваат и дообучуваат, за сите креативци и IT “нинџи“. Дојдете да се здружиме и заедно да ја направиме промената“ – завршуваат во еден глас Коскаров и Манојловски.

skopje-go-dobi-creative-hub-biznis-cenat-na-kreativnosta-i-neformalnoto-obrazovanie-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Центар со поддршка за семејствата на летниот распуст, ги отвораме градинките за ученици до 10 годин... Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до 10 годишна в...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава