Нови вкусови на Президент топено сирење (млечни намази) за сите што се во потрага по префинето кулинарско доживување

Фамилијата Президент лансираше пет нови вкусови на топено сирење (млечни намази) за сите љубители на топените сирења и кашкавали.

novi-vkusovi-na-prezident-topeno-sirenje-mlecni-namazi-za-site-sto-se-vo-potraga-po-prefineto-kulinarsko-dozivuvanje-01.jpg

Новите вкусови на топени сирења (млечни намази) од Президент содржат балансирана количина на сол, имаат уникатно мазна текстура, кремави се и лесно се мачкаат.

Можете да одбирате помеѓу три групи на производи и тоа топен кашкавал направен од кашкавал-натур и со вкус на пица и оригано, потоа  крем сирење класик и со вкус на лук и копар, направени од традиционално бело сирење и на крајот млечен намаз од павлака.

Свежината на новите топени сирења (млечни намази) ќе биде долго зачувана, благодарејќи на иновативното алу-фолио пакување и пластичното капаче што овозможува повторна употреба по првото отворање.

„Со желба да одговориме на потребите на современото живеење и на овој динамичен начин на живот, инспирација пронајдовме во неизоставниот елемент за правилна и балансирана исхрана - млечните продукти. Креиравме автентични и нутритивно богати вкусови, наменети за секој член од семејството и за сите оние што се во потрага по префинето кулинарско доживување“  - изјави претставник од Президент.

Овие нови производи, како што велат од Президент, направени се да ги размазат сетилата и на оние најпребирливите и претендираат да станат еден од омилените продукти во фрижидерот на секое домаќинство благодарејќи на врвниот квалитет и рецептурата која освојува уште при првиот вкус.

За повеќе информации во врска со новите производи посетете ја Фејсбук страницата.

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...

Најчитани неделава