Огромен интерес за производите на Макпрогрес на ISM 2018 - најголемиот светски саем за кондиторски производи

Макпрогрес имаше успешно саемско претставување на најголемиот светски саем за кондиторски производи – ISM 2018 во Келн, Германија.  Со постоечките дистрибутери и партнери беа продлабочени односите, а беа остварени и нови контакти со потенцијални дистрибутери од Блискиот и Далечниот Исток, Северна Африка, Јужна Америка како и од развиените западно-европски држави.

ogromen-interes-za-proizvodite-na-makprogres-na-ism-2018-najgolemiot-svetski-saem-za-konditorski-proizvodi-01.jpg

Четири дена саемските хали во Келн наликуваа на свет од бајките направен од вкусни слатки и неодоливи грицки. А меѓу посетителите имаше добавувачи, сопственици на фабрики за храна и хипермаркети, консултанти, нутриционисти, технолошки експерти, слаткари и пекари.

Макпрогрес како компанија со интернационално портфолио и извоз во повеќе од 55 земји ширум светот, по 14-ти пат зеде учество на овој саем. Компанијата го претстави својот богат асортиман на производи од брендовите Винчини, Дониа, Армониа и Натура. На саемот се промовираше и новиот член на семејството Макпрогрес – брендот Fantasia како и новата комплетна понуда на традиционални локуми под брендот Дониа, кои воедно предизвикаа и најголем интерес кај посетителите. Брендот Fantasia за неколку недели ќе има и официјална промоција на македонскиот пазар.

ogromen-interes-za-proizvodite-na-makprogres-na-ism-2018-najgolemiot-svetski-saem-za-konditorski-proizvodi-02.jpg

“ISM Келн 2018 (International Sweets and Biscuits Fair) е центарот на кондиторската индустрија. Оттука започнуваат трендовите и тенденциите во индустријата и несомнено, нема подобра можност за интернационално вмрежување и претставување. Макпрогрес настојува да биде светски препознаен квалитет застапен на интернационалните пазари. Токму затоа ние не пропуштаме да ги следиме овие големи настани во индустријата. Ни следат уште две големи саемски претставувања Fancy Food Show во New York и саемот за храна и пијалоци SIAL во Париз. Саемите даваат инспирација за нови иновативни производи, знаење за подобрување производството, отвораат нови перспективи и можности за освојување на нови пазари. “ – изјави Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес, кој секоја година и лично е присутен на овој исклучително важен настан.

ogromen-interes-za-proizvodite-na-makprogres-na-ism-2018-najgolemiot-svetski-saem-za-konditorski-proizvodi-03.jpg

Со 86% странски изложувачи, од над 150 земји, ISM е најголемиот интернационален саемски настан во светот на кондиторската индустрија.

ogromen-interes-za-proizvodite-na-makprogres-na-ism-2018-najgolemiot-svetski-saem-za-konditorski-proizvodi-04.jpg

ogromen-interes-za-proizvodite-na-makprogres-na-ism-2018-najgolemiot-svetski-saem-za-konditorski-proizvodi-05.jpg

ogromen-interes-za-proizvodite-na-makprogres-na-ism-2018-najgolemiot-svetski-saem-za-konditorski-proizvodi-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...

Најчитани неделава