ФФМ донираше опрема, реквизити и фудбалски топки на 42 клубови од женската лига

Фудбалската федерација на Македонија во насока на развој на женскиот фудбал донесе низа одлуки кои имаат цел популаризација на женскиот фудбал и поголема вклученост на девојчињата во фудбалот. Федерацијата донираше опрема наменета за клубовите од женскиот фудбал. Во „Куќа на фудбалот“ опрема и фудбалски топки добија вкупно 42 клубови од Првата лига и регионите во државата.

ffm-donirase-oprema-rekviziti-i-fudbalski-topki-na-42-klubovi-od-zenskata-liga-01.jpg

„Ја поздравуваме одлуката на Федерацијата за реактивирање на женската А репрезентација. Тоа е многу позитивен чекор и голема мотивација за сите кои се вклучени во работата со женскиот фудбал. Исто така многу важен е проектот за развој на младинскиот фудбал во женска категорија, ќе биде поттик за девојчињата и тренерите. Ќе придонесе за нивно поголемо вклучување во фудбалот, а за нас тоа е битно. Важно е и за тренерите и за селекторите со цел да го подигнеме квалитетот на женскиот фудбал во Македонија. Сите ние кои сме вклучени во женскиот фудбал знаеме дека можеме да напредуваме и тоа ќе го потврдиме. Благодарност до ФФМ за доделената опрема, за сите нас е значајно кога имаме страна која не поддржува и ни дава поддршка“, изјави Снежана Трпевски, претседател и тренер на ЏИ-ЏИ Скопје.

Иницијативата ја поздравија и стручњаците и фудбалските работници во женскиот фудбал. 

ffm-donirase-oprema-rekviziti-i-fudbalski-topki-na-42-klubovi-od-zenskata-liga-02.jpg

„Дефинитивно мотив повеќе за девојките е тоа што е реактивирана женската А репрезентацијата на Македонија. Ќе продолжат да играат фудбал и да ја претставуваат Македонија, се надевам на многу подобар начин. Преку новиот проект за развој наженскиот младински фудбал повеќе девојчиња ќе се вклучат во играта, а тоа е предизвик и за нас тренерите. Благодарност за укажаната шанса и за помошта во опрема која ја добивме“, изјави Астрит Мерко, тренер на АС Јунајтед и селектор на Македонија до 19 години. 

Со одлука на Управниот одбор на ФФМ, женската А репрезентација повторно е реактивирана, а прифатен е и предложениот проект за развој на женскиот фудбал. Од следната натпреварувачка сезона е донесена одлука и за формирање младинска лига за девојчиња.

ffm-donirase-oprema-rekviziti-i-fudbalski-topki-na-42-klubovi-od-zenskata-liga-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...

Најчитани неделава