Граѓанските организации се значајна поддршка на институциите во креирањето политики за правно зајакнување на маргинализираните заедници

Ромите, сексуалните работници, луѓето кои користат дрога и други членови на маргинализираните заедници речиси секојдневно се соочуваат со тешкотии обидувајќи се да ги остварат своите права од областа на правото, здравството, социјалната заштита и сл. Во недостиг од официјални статистички податоци за овој тип прашања, граѓанските организации преку сопствени истражувања обезбедуваат значајна база податоци кои им се од голема корист на институциите. Ова беше истакнато на дводневната меѓународна конференција за правно зајакнување „Правните потреби на маргинализираните заедници во Македонија“ што вчера и завчера се одржуваше во Скопје во организација на Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).

gragjanskite-organizacii-se-znacajna-poddrska-na-instituciite-vo-kreiranjeto-politiki-za-pravno-zajaknuvanje-na-marginaliziranite-zaednici-01.jpg

Правници, домашни и странски експерти, претставници на меѓународните граѓански организации и на невладиниот сектор, во рамки на конференцијата дискутираа за проблемите со кои се соочуваат членовите на маргинализираните заедници во институционалното остварување на нивните права, особено за нивниот пристап до правдата. Учесниците на конференцијата предложија идеи и решенија за спроведување на политиките за маргинализираните заедници.

Извршната директорка на ФООМ, Фани Каранфилова – Пановска на отворањето на конференцијата истакна дека во недостиг на официјални статистички податоци за оваа проблематика, граѓанските организации со своите истражувања даваат значаен придонес во креирањето идни политики.   

gragjanskite-organizacii-se-znacajna-poddrska-na-instituciite-vo-kreiranjeto-politiki-za-pravno-zajaknuvanje-na-marginaliziranite-zaednici-02.jpg

- Една од целите на оваа конференција е да потенцираме дека натамошниот процес во изготвувањето политики, особено во фокусот на маргинализираните заедници, многу е важно да се базира на податоци и факти. Истовремено, се обидуваме да дадеме идеи за начините со кои одредени политики и решенија може да обезбедат еднаквост за сите – рече Каранфилова – Пановска.

Според министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, пристапот до правда е проблем за сите граѓани, не само за маргинализираните заедници. На конференцијата Царовска истакна дека здравствените, социјалните, образовните услуги сѐ уште функционираат по некој застарен модел и многу тешко се препознаваат новите форми на поддршка.

gragjanskite-organizacii-se-znacajna-poddrska-na-instituciite-vo-kreiranjeto-politiki-za-pravno-zajaknuvanje-na-marginaliziranite-zaednici-03.jpg

- Ние како министерство тесно соработуваме со граѓанските организации кои имаат полесен пристап до граѓаните кои се најисклучени. Тоа е на едно отворено владино партнерство, затоа што без комуникација и без партнерско вклучување на граѓанските организации кои што директно работат и живеат со овие групи, невозможно е да сметаме дека системот има капацитет може да биде достапен за сите во исто време. Но, граѓанинот може преку медијација и преку каналите кои се веќе воспоставени да ги остварува правата загарантирани со закон – рече Царовска.

На неколкуте панели на конференцијата, домашни и странски експерти, како и претставници на различни граѓански здруженија дискутираа за неопходноста од истражувања за правните потреби на граѓаните, особено на маргинализираните заедници, како и за политиките и бенефитите од овие истражувања. Конференцијата се заокружи со промовирање на модели на правна помош во Македонија од страна на повеќе правници од земјава. 

gragjanskite-organizacii-se-znacajna-poddrska-na-instituciite-vo-kreiranjeto-politiki-za-pravno-zajaknuvanje-na-marginaliziranite-zaednici-04.jpg

Фондацијата Отворено општество - Македонија веќе 25 години се залага за создавање динамично и толерантно општество, во кое граѓаните се силни, активни и вклучени, a властите се одговорни, отчетни и отворени за соработка. ФООМ вложи повеќе од 145 милиони долари за подобрување на животот на граѓаните преку континуирана поддршка на иницијативи кои овозможуваат подобро образование и здравство, владеење на правото, почитување на човековите права, плурализам во медиумите и слобода на говорот. Нашата посветеност на младите, маргинализираните групи и локалните заедници е важен влог за поголема општествена кохезија.

25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество.

gragjanskite-organizacii-se-znacajna-poddrska-na-instituciite-vo-kreiranjeto-politiki-za-pravno-zajaknuvanje-na-marginaliziranite-zaednici-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
„Скриениот скапоцен камен на Европа“: Според британскиот „Mirror“, Македонија е топ дестинација за 2... „Кога е во прашање туристичката посета на Европа, лесно можете да паднете во сек...
Поранешниот ракометар Дарко Кондев стана јутјубер во САД – Ги тестира Американците колку знаат за Ма... Некогаш ги бранеше боите на Македонија во македонската ракометна репрезентација,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg