Комплексот “Ветрило” е спремен да ги прими своите први станари

Сите се бориме со жештините во лето, маглите во зима, константните гужви и брзиот тек во градските џунгли. Затоа после напорен ден најмногу ни е потребен мир и спокој, во тивка и чиста околина. Токму таква населба е Сопиште која е оддалечена на само 7 километри од центарот на Скопје. Има поволна географска положба, пред сè поради непосредната близина на Скопје. Сопиште е ридска населба расположена на југоисточната падина на планината Водно на надморска височина од 540 метри. Се карактеризира со преод меѓу умерено-континентална и планинска клима, помали температурни осцилации, поголеми врнежи, поинтензивно осончување и мала честина на магли. Значаен дел од општината е под шума (40%). Звучи идеално, нели? Затоа што е.

kompleksot-vetrilo-e-spremen-da-gi-primi-svoite-prvi-stanari-01.jpg

Има ли поидеална местоположба и услови за вашето ново, мирно и беспрекорно домување? Тоа се причините за на оваа локација да се роди Ветрило, новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина, мир и чист воздух.

Модерниот, еколошки станбен комплекс Ветрило го добива замислениот финален изглед.
Првите 8 станбени објекти се комплетно завршeни, а деновиве е завршена и улицата помеѓу нив, како и партерното уредување. Сé е спремно така што првите жители на Ветрило, брзо се очекува да се вселат. Има уште неколку објекти, кои се нудат по навистина поволна промотивна цена од само 755€  со вклучен ДДВ по м2 (редовна цена 890€) ова е цена која не вклучува санитарии, подни плочки, подни облоги и внатрешни врати). Можност да бидете сам свој маjстор и да дадете придонес во оплеменувањето на Вашето домување.

kompleksot-vetrilo-e-spremen-da-gi-primi-svoite-prvi-stanari-02.jpg

Куќи кои со својата местоположба се со поглед према исток, југ и југо запад, на локација која е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени и да имаат постојана проветреност, природна светлина и убав поглед кон околните планини.

Сите куќи се на два ката, од 103 до 118 м², модерно дизајнирани со плански осмислен простор, по Фенг Шуи филозофија, а прилагодени на потребите на секој член во семејството.
Во приземјето се сместени дневна соба со отворен план, кујна со трпезарија и гостинско купатило, додека на катот се сместени 3 спални соби со 2 бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движи од 160-240 м², што е доволен простор за рекреација, и активности на отворено. Еден од главните адути на објектите се кровните тараси со големина од 50-60  м2.
Во изградбата се користени високо квалитетни материјали од реномирани производители, обезбедена е перфектна звучна и термичка изолација, а објектот има статика која е сеизмички проверена и има позитивно мислење од институтот за сеизмологија во Скопје.

Комплексот го гради друштвото за градежништво, проектирање и инженеринг ИНТЕРСОФТ ЛТД Скопје, компанија со изграден имиџ и докажан квалитет на пазарот од 20 години, која веќе ја започна и втората фаза од изградбата на овој семеен комплекс.

kompleksot-vetrilo-e-spremen-da-gi-primi-svoite-prvi-stanari-03.jpg

Вложете уште денес и препуштете се во благодетите на дом кој е во природа. Нека вашите деца растат подалеку од смог и прашина. Недвижниот имот е секогаш паметна инвестиција, која со време добива се поголема материјална вредност. А, вие уживате во сите нејзини придобивки стартувајќи од  денес.

Закажете состанок и информирајте се од прва рака +389 78 39 36 39

Прашања можете да поставите и преку фејсбук фан страната, преку веб страната www.intersoft.com.mk и е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

kompleksot-vetrilo-e-spremen-da-gi-primi-svoite-prvi-stanari-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...
Бајковита свадба на пар од Скопје - невестата во раскошна венчаница, младоженецот во розов костум и ... „Во брак сме скоро две години, но поради пандемијата, плановите за свадба малку ...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg