Никос Ламбридис, професор и директор на одделот за кариера и професионален развој на студентите од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ

Своето 25годишно искуство стекнато како менаџер во многу мултинационални компании од Европа и САД ќе го пренесе преку темата „Почитување и негување на човечката природа во бизнисот“.

nikos-lambridis-profesor-i-direktor-na-oddelot-za-kariera-i-profesionalen-razvoj-na-studentite-od-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shelift-siti-koledz-01.jpg

(Скопје, 30.05.2018) - На 10-та конференција за човечки ресурси, што ќе се одржи на 31 мај во хотелот Александар Палас свое учество во улога на предавач ќе земе и Никос Ламбридис, професор и директор на одделот за кариера и професионален развој на студентите од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Своето 25 годишно искуство стекнато како менаџер во повеќе мултинационални компании од Европа и Соединетите Американски Држави, ќе го пренесе преку темата „Почитување и негување на човечката природа во бизнисот“.  

Во елаборација на темата, тезите и знаењата, Ламбридис ќе ги пренесе на практичен начин и апликативен начин.

„Секој има развиено свој емотивен и однесувачки модел уште од многу мала возраст. Она што навистина е важно за менаџерот е да знае да препознае како промената ќе влијае на емоционалниот систем на поединецот, но и на остатокот од организацијата, тимот, па дури и семејството на поединецот, затоа што промената во организацијата создава „ефект на бран“. Менаџерот мора да ја знае психологијата и културата на организацијата за да може да го разбере моделот – процес – личност – контекст - време. Од голема важност е вработените да ги ставиме во јадрото на организацијата, особено за да ја разбереме нивната природа која понатаму ќе ја насочиме кон целите на организацијата. Очекувам своите знаење и искуства да ги споделам со голем број луѓе од полето на човечки ресурси, а преку дискусии да го надградам дури и своето знаење“, вели Ламбридис во пресрет на предавањето.

nikos-lambridis-profesor-i-direktor-na-oddelot-za-kariera-i-profesionalen-razvoj-na-studentite-od-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shelift-siti-koledz-02.jpg

Во фокус на годинешната, јубилејна конференција ќе бидат основните потреби, но и највисоките цели на цивилизираниот свет, а тоа е почитта кон луѓето, поддршка на нивниот развој и признание на нивната непроценлива важност во организацијата. Како и претходните години, така и оваа, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ја подржува Конференцијата за човечки ресурси на која што покрај Ламбридис, предавања ќе имаат уште 6 други експерти од областа на човечките ресурси, а исто така пријавени се учесници професионалци од областа, и од околните држави.

За повеќе информации поврзани со конференцијата, но и за регистрација проверете на официјалната веб страница на конференцијата.

Би можело да ве интересира:

Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Жената која роди на 60-годишна возраст во болница во Штип позира со своето дете во прегратка: „Нашат... „Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во н...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во Кочани Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата в...
Браво! Македонец 2 дена тетовира во хуманитарни цели, а парите ги донира за малиот Анѓел - Истетовир... „Оваа недела ја посветувам на една навистина важна и човечка цел - да му помогне...

Најчитани неделава