Најголемата лага за загадувањето во Скопје!

(Платена PR објава) Проблемот со загадувањето на Скопје вообичаено во лето се заборава, но тоа не значи дека тој ќе исчезне. Напротив, ќе стане топ-тема уште во првите есенски денови. Во минатата есен и зима Скопје речиси постојано беше меѓу топ 5 најзагадени градови во светот, а неколкупати се искачуваше и на самиот врв на оваа неславна листа. Граѓаните се жалеа дека буквално дишат отров и се задушуваат.

najgolemata-laga-za-zagaduvanjeto-vo-skopje-001.jpg

Загадувачите на воздухот може да бидат различни, но главниот проблем во Скопје е од цврстите честички во воздухот – ПМ10 и ПМ2,5. Додека дозволеното ниво на ПМ10 честичките е 50 мг/м3, во Скопје во изминатата грејна сезона достигнуваше и повеќе од 1.000. Барајќи го виновникот за загадувањето во Скопје, прстот се насочува кон греењето на домаќинствата, кон автомобилите, фабриките и кон – Дрисла, која беше дури и казнета од градските власти (државниот инспекторат за животна средина).

Сега, додека страстите се смирени, а загадување нема, иако, на пример, Дрисла и во летниот период работи на ист начин, решивме да ја посетиме скопската депонија и на самото место да се увериме во начинот на кој таму се справуваат со отпадот. Се изненадивме бидејќи воопшто не наидовме на проблеми, напротив – од Дрисла ни рекоа дека слободно може да дојдеме и дека тие ќе ни објаснат сè што нè интересира.

Во Дрисла се обработува и се отстранува комуналниот отпад – се одлага, се набива и се покрива со неразградлив материјал и со хумус, за да не е во допир со воздухот.

- Во нашата земја реално не постори друг објект за депонирање цврст отпад, кој притоа работи по современи технолошки стандарди. Овде отпадот не се пали, за разлика од дивите депонии во земјава, и ниеден од процесите што се применуваат не создава ПМ-честички. Всушност, единствен отпад што се согорува тука е медицинскиот, и тоа се прави по прецизно пропишани процедури и единствено кај нас – велат од Дрисла и потсетуваат дека пред неколку месеци на печката е поставен и филтер за намалување на штетните гасови.

Она што е најинтересно е што Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Дрисла има поставено мерна станица за загадување, кое се следи постојано. Во текот на изминатата есен и зима, регистрираните вредности на ПМ10-честичките се движеа околу 40 мг на м3, вредности далеку од екстремните регистрирани во Лисиче или во Карпош каде беа и над 700 мг на м3.

Во интерес на сите е да се утврдат вистинските загадувачи на Скопје и да се дејствува за да се неутрализираат. Но да се тврди дека тоа е Дрисла, очигледно е барање жртвено јагне. Според фактите, тоа е најголемата лага за загадувањето, која не му користи никому! Освен на вистинските загадувачи веројатно.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...

Најчитани неделава