Незаборавно искуство на терените на Московскиот стадион „Лужники“

Михаил Лазарев беше среќниот добитник на наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија кој заедно со својата сопруга доби можност да присуствуваат на финалниот меч помеѓу тимовите на Франција и Хрватска мината недела.

nezaboravno-iskustvo-na-terenite-na-moskovskiot-stadion-luzniki-001.jpg

Од патувањето донесоа преубави спомени и се задоволни од комплетната организација на патувањето. Најмногу од сè како што велат им се допаднала традиционалната градба на знаменитостите во чија внатрешност е претставен сиот модерен свет. Љубители се на далечни патувања и ова за нив претставуваше само уште едно ново доживување кое ќе го паметат по натпреварувачката еуфорија, руската гостопримливост и беспрекорната организација на мундијалот. Искуството несебично го споделуваат со сите пријатели и се горди на убаво поминатите денови во Москва. Конкретно за финалниот натпревар велат дека владеело невидена еуфорија каде хрватите дефинитивно беа водечки во својата навивачка способност. И покрај победата на Франција беа среќни и несебично и следните денови ја разведрија Москва.

„Би сакал да им се заблагодарам на ЛУКОИЛ Македонија  за укажаната можност да бидеме дел од еден ваков историски настан кој ќе се памети.“, раскажува Михаил.

Наградната игра на ЛУКОИЛ траеше изминатите три месеци и во рамките на тој период на секои две недели беа реализирани 7 извлекувања. Во последното финално извлекување, беше извлечен Михаил заедно со уште тројца среќни добитници кои пак добија по 1 карта за полуфиналниот меч патување и сместување во Санкт Петерсбург. Додека Михаил Лазарев од Штип  доби 2 билета за финалниот меч во Москва и подмирени трошоци за патувањето и сместувањe. 

Би можело да ве интересира:

Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...

Најчитани неделава